ЛОКАЛЕН ФОРУМ „УЛОГАТА НА ЖЕНИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ“
Во рамки на проектот „Национална платформата за женско претприемништво“ денеска во Охрид се одржа локален форум на тема ,,Улогата на жените претприемачи во развојот на туризмот”. Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати советничката во Советот на Општина Охрид, Милена Грозданоска. -Со своите уникатни природни и културни богатства, од година во година, Охрид прераснува во една исклучително атрактивна туристичка дестинација, која се почесто се наоѓа на препорачаните светски листи за нови и неоткриени туристички локалитети. Во согласност со светските туристички текови потребно е поголемо и посоодветно планско и стратешко подобрување на условите за развој на нови форми на туризам и креирање на алтернативна понуда за туристите. На ова поле особен придонес би можеле да дадат жените преприемачи, преку развој на креативни бизнис концепти и туристички услуги. За разлика од минатото, влијанието на жените во сите сфери на општественото живеење континуирано расте, а жените се повеќе се мотивираат да преземат иницијатива и сопствените идеи да ги претворат во реалност. Верувам дека националната платформа за преприемништво ќе обезбеди креирање на мерки и политики на национално, регионално и локално ниво, со кои ќе се овозможи стимулирање и јакнење на женското претприемништво. Се надевам дека на денешниот настан ќе бидат споделени успешни претприемачки приказни и ќе произлезат низа предлози за поттикнување на нови бизниси на полето на туризмот кои ќе бидат започнати и водени од жени, истакна во своето обраќање Грозданоска. Проектот „Национална платформа за женско претприемништво“ е кофинансиран од Европската Унија, а се имплементира од Здружението на бизнис жени во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР. Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.
ПРЕЗЕНТИРАН МЛАДИНСКИ ПРОЕКТ ОД ЕРАЗМУС ПЛУС ПРОГРАМАТА
Денеска во Општина Охрид се одржа презентација на трансконтинталниот проект „Млaди општествено одговорни маркетери“ [mYOUth Socially Responsible Marketers – YouMAKE], подржан и финансиран од Европската комисија во рамките на Еразмус+ програмата. Во реализацијата на овој двогодишен проект се вклучени претставници на универзитети, бизнис и НВО секторот од 5 држави: Австрија; Непал; Полска; Узбекистан и Северна Македонија. Координатор на проектот е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ од Скопје. Проектот е дел од глобалните активности на Обединетите нации и на Европската Унија за остварување на целите на одржливиот развој фокусирани на намалувањето на сиромаштијата, социјалната правда и одржливоста на животната средина како голем морален и политички императив на денешницата. Освен зголемувањетo на јавната свест, особено на младите, за имплементација на целите на одржливиот развој во државите, YouMAKE проектот претставува можност за промовирање на Охрид како туристичка дестинација.
ОХРИД КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ЌЕ СЕ ПРОМОВИРА ВО ТУРЦИЈА
Охрид како привлечна туристичка дестинација наскоро ќе биде прикажан на турската НТВ телевизија откако викендов неколкучлена тамошна екипа сними репортажа во градов. Гостите од Турција се запознаа со културно – историските знаменитости на Охрид и со вкусните охридски специјалитети. Во репортажата ќе бидат опфатени убавините на старото градско јадро со специфичните охридски занаети, копаничарство и охридскиот бисер, а ќе бидат прикажани и убавините на манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Пред екипата од новинари и камермани беше подготвено охридското ѓомлезе, а гостите беа запознаени и со начинот на лов на риба. Турската екипа беше и во посета на Скопје и Битола,а кај нас беа во организација на македонскиот Конзулат во Истанбул во соработка со Општина Охрид.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ ВО 2022 ГОДИНА
Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипед во 2022 година со бр.08-2982/6 од 15.03.2022 година, општина Охрид објавува: [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ ВО 2022 ГОДИНА[/vc_message][vc_message]БАРАЊЕ / ИЗЈАВА[/vc_message][/vc_column][/vc_row]
ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ ОД ОБЛАСТА НА ТЕХНОЛОГИЈАТА, УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТЕХНОЛОШКИОТ ПРОЦЕС И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Согласно Г2 програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2022 година точка 1. 5- Фонд за иновации, како и донесената Одлука за донесување правилник за користење на финансиски средства од буџетот на општина Охрид од фонд за иновации бр. 08-2982/8 од 15.03.2022 година, Општина Охрид објавува Јавен повик. Општина Охрид со цел да ги поддржи и поттикне младите иновативни истражувачи го објавува Јавниот повик за учество на ученици од средно образование кои живеат и учат на територијата на општина Охрид, за проекти од областа на технологијата, унапредување на технолошкиот процес и заштита на животната средина. [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ ОД ОБЛАСТА НА ТЕХНОЛОГИЈАТА, УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТЕХНОЛОШКИОТ ПРОЦЕС И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА[/vc_message][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_message]ИЗЈАВА[/vc_message][vc_message]ПРИЈАВА[/vc_message][/vc_column][/vc_row]
ОХРИД СЕ ПРЕТСТАВИ НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО БЕЛГРАД
Денеска, во рамки на Самот за туризам што по 43-ти пат се одржува во Белград- Србија беа презентирани туристичките вредности на Охрид и новините на туристичката понуда. Пред учесниците на Саемот и српските туристички работници за туристичките вредности и потенцијали на Охрид зборуваше градоначалникот, Кирил Пецаков. – Верувам дека Охрид како најголем туристички центар во Македонија,е неизбежен и значен дел од вашите бизнис планови и дестинација која перманентно се наоѓа во вашите понуди. Ние сметаме дека Белградскиот саем е вистинското место каде ќе ги претставиме новините во туристичката понуда на Охрид. Убеден сум, дека голем дел од вас се прошетале низ Охридската чаршија, низ старите камени охридски сокаци, сте ја почуствувале свежината на Охридското Езеро на некоја од неговите плажи, а во вечерните часови сте уживале во пријатната музика на охридските трубадури. Традицијата и достигнувањата на генерациите пред нас се наша неизмерна инспирација, која ни дава сила и искрена волја да го развиваме туризмот во Охрид, како наша најсилна економска гранка. Горди сме што во континуитет ја подобруваме туристичката понуда, а постојано ги следиме светските трендови и затоа покрај постоечките, креираме и нови облици на алтернативен туризам. Изготвуваме и заеднички проекти со соседните земји, со што на туристичките работници им овозможуваме да понудат нови пакети и кружни тури и ќе се побуди интересот на гостите од целиот свет. Охрид и Охридското Езеро, како заштитено културно и природно наследство се на светската листа на УНЕСКО. Таквиот статус не афирмира во светот, но не обврзува крајно рационално да ги користиме заштитените природни ресурси и да обезбедиме одржлив развој на туризмот, препознатлив во светот. Ние знаеме како да го направиме тоа и да обезбедиме хармоничен и компатибилен спој на повеќе типови на туризам, со кои ќе ја збогатиме туристичката понуда, ќе ја продолжиме туристичката сезона и ќе го зголемиме економскиот бенефит. Заедно со професионалците од туристичкиот бизнис, упорно работиме на промоцијата на Охрид и заедно се радуваме кога ќе слушнеме дека некоја асоцијација или познат медиум не вреднува во врвот на светските топ – дестинации што треба да се посетат.Драги пријатели една стара изрека на охридските угостители вели дека ако сакаш пристојни гости, тогаш тоа треба да бидат од Западна Европа, но ако сакаш пристојни гости, весела атмосфера и полн џеб, тогаш тие мора да бидат од Србија. Оние кои биле во Охрид, велат дека таму има нешто што силно ве тера повторно да му се навраќате на градот и езерото или со зборовите на нобеловецот Иво Андриќ: – Секоја убавина во Охрид, кратко трае, но се повторува безброј пати. Затоа драги пријатели, Ве повикувам – Дојдете ни во Охрид! – подвлече градоначалникот Пецаков. Самот за туризам во Белград се одржува по пауза од две години, поради Ковид кризата. Годинава на него учествуваат 250 туристички организации од 43 земји.
ОХРИД ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТАВЕН НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО БЕЛГРАД
Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, од денес учествува на 43 Меѓународен саем за туризам во Белград. Учеството на оваа реномирана саемска манифестација, се случува по пауза од две години, поради ковид кризата. На штандот во Белград ќе бидат презентирани туристичките вредности на Охрид и новините во туристичката понуда. Традиционално, градоначалникот Пецаков ќе ја организира Охридската вечера со туристичките работници на Србија. Годинава на саемот учествуваат 250 туристички организации од 43 земји.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2022 година
Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година, Општина Охрид објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2022 година Кандидати кои можат да аплицираат се здруженија на граѓани, месни и урбани заедници и даватели на услуги во руралниот туризам со седиште во општина Охрид како матична општина каде и ќе се спроведуваат проектните активности. 1. Начини на пријавување и процедури коишто треба да се следат Заинтересираните мора да ги поднесат своите предлози користејќи го формуларот за пријавување којшто е достапен на http://www.ohrid.gov.mk Комплетната проектна документација треба да ги содржи следнива документи: Пополнет “Aпликационен формулар со буџет“ – кој е објавен на веб страната на општина Охрид www.ohrid.gov.mk Копија од тековна состојба на правниот субјект од Централен регистар и Проектната документација треба да биде доставена во еден (1) примерок во оригинал и две (2) копии како и електронска верзија на проектниот предлог доставена на CD. Крајниот рок за прием на пријавите е 15.04.2022 година до 14:30 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по завршувањето на крајниот рок ќе бидат автоматски одбиени. Целосната документација да се достави на следната адреса: OПШТИНА ОХРИД Сектор за туризам и ЛЕР ул. Димитар Влахов бр. 57 6000 Охрид со назнака: “JАВЕН ПОВИК” – ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2022 година. Подетални информации за условите за аплицирање се дадени во Упатството за аплицирање на проекти за Г1 и Г2 Програма. Пред да го пополните Апликационит формулар Ве молиме внимателно да го прочитате Упатството бидејќи апликационите формулари кои не ги содржат сите потребни податоци и кои не се во согласност со условите, нема да бидат земени за оценување. За сите заинтересирани апликанти дополнително на општинската веб страница ќе биде објавена информација за одржување на информативна сесија за овој повик. Напомена: Правото за аплицирање месните и урбаните заедници ќе можат да го остварат преку заедничка соработка со здруженија на граѓани изразена преку меморандум или договор за соработка на проект. Барањето за користење на средства од оваа програма и доставената документација НЕ СЕ ВРАЌААТ. Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Комисијата на Секторот за туризам и ЛЕР, потребно е барателот да има кај себе копија од целокупната документација доставена на јавниот повик. Подетални информации на контакт е-mail адреса: info@ohridler.gov.mk [vc_row][vc_column][vc_message]АПЛИКАЦИОНЕН ФОРМУЛАР[/vc_message][vc_message message_box_color=”orange”]УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ[/vc_message][/vc_column][/vc_row]
ОДРЖАНА ВИЗИОНЕРСКА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА НАЦИОНАЛНАТА РАЗВОЈНА СТРАТЕГИЈА 2022-2042
Во рамки на проектот поддршка за развој на Република Македонија 2022-2042 – Национална стратегија организирана од UNDP, денес, се одржа визионерска работилница за изработка на Националната развојна стратегија. На работилниците учествуваа претставници од општините од Југозападниот плански регион.
ВТОРА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОЗАПАДНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на втората седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион што денеска се одржа во Струга. На дневен ред беа повеќе точки меѓу кои Разгледување на годишните сметки за работење на центарот за развој на Југозападниот плански регион во 2021 година и за проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој- прва фаза на спроведување“. На средбата се разгледуваше информацијата за Грантова шема во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – втора фаза на спроведување“. Се дискутираше и за повикот за регионални проекти за развој на планските региони преку Програмата за регионален развој 2022 -23 година на Бирото за регионален развој, а на дневен ред беше и информацијата за тековна реализација на регионалните проекти финансирани преку Програмата за регионален развој 2021-22 година . Во вториот дел од седницата се одржа презентација за легислативата за изработка и донесување на Просторниот План на РСМ од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и презентација на методологијата и видови на документи потребни како документациска основа за изработка на ППРСМ од страна на Агенцијата за планирање на просторот. Покрај Охридскиот градоначалник Пецаков, на настанот присуствуваа и градоначалниците од општините: Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Струга и Центар Жупа, како и претставници од невладиниот и бизнис сектор.
