ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ЗА ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ
- мај 24, 2021
- 0
Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески упати честитка до охриѓани и останатите граѓани на Република Северна Македонија по повод 24 мај -Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј
– Светите Кирил и Методиј борејќи се за признавање на словенското писмо и јазик, го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик. Нивното историски и културолошки значајно дело претставува огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските културни и традиционални особености.Со своето творештво даруваа многу народи со писменост, просветлувајќи го патот на развојот и културното издигнување.Нивната благородна мисија е светска придобивка која денес преку писменоста обединува многу народи.
Нека е вечно името на светите браќа, а делото нивно да го зачуваме од заборав. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители и да го славиме уште многу години.