СЕКТОР ЗА ПОДДРШКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОT

Секторот за поддршка на градоначалникот ги врши работите што се однесуваат на: иницирање, координација и реализација на соработката на општина Охрид со странски и меѓународни донатори, организации и кредитори; соработката на Општината со збратимените градови;организирање на работни и други средби на градоначалникот; координирање на мерки и активности со протоколи на домашни и странски делегации; одржување и развивање на соработка со збратимени и пријателски градови; организирање јавните настапи на градоначалникот во средствата за јавно информирање, конференции, трибини и сл; поготвување на јавни анкети, брошури и други документи по прашања од значење за општината и врши други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Контакт: Наташа Смилеска

Телефон: (046) 262492 / (046) 262493  лок. 107

E-mail: smileska@ohrid.gov.mk