
АМБАСАДОРОТ НА ЧЕШКА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
- јули 14, 2025
- 0
- Category:
Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна срдба со амбасадорот на Чешката Република во земјава, Н. Е. Јарослав Лудва.
Високиот гостин, го изрази своето воодушевување од убавините на Охрид кој плени со своите културно историски знаменитости и е привлечна туристичка дестинација во регионов.
Двете страни разменија мислења околу идните чествувања посветени на Светите браќа Кирил и Методи со можност чешки уметници да настапуваат во културниот дел на празнувањата во Охрид.
На средбата стана збор и за истражувачки проект кој заедно го реализираат македонски и чешки студенти по археологија, а се разгледаа и можностите тие да добијат логистичка поддршка од Општината за истражувањата кои ќе бидат наредната година во Охрид.
Амбасадорот Лудва деновиве престојува во Охрид, а по повод „Вечерта на Чешка музика“ што денеска се организира во црквата Св. Софија.