ВОНРЕДНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ОХРИД
- август 3, 2020
- 0
- Категорија:
Поради ниската еколошка свест и несовесното однесување на голем дел од гостите кои престојуваат во Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ спроведуваат секојдневни вонредни активности за чистење на повеќе јавни локации во градот.
Освен отстранување на несоодветно депонираниот отпад, се врши и чистење на градскиот парк, градскиот кеј, чаршијата, плоштадот, пристаништето и пешачката патека кон Горица.
Ваквите активности за чистење и одржување на јавните локации во градот, ќе продолжат интензивно и во текот на наредниот период.