„ГАСТРО МАК“ ОД 10-ТИ ДО 14-ТИ ОКТОМВРИ ВО ОХРИД
- октомври 2, 2019
- 0
- Категорија:
Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” од 10-ти до 14-ти октомври, Охрид ќе биде домаќин на четвртиот Интернационален гастрономски натпревар – „Гастро Мак”.
Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.
Според најавите на настанот ќе замат учество над 300 учесници, над 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови на кујни, гастрономски амбасадори и почесни гости од 30 светски земји. Годинешен претседател на судскиот тим е славниот хрватски готвач Стево Карапанџа.
Покрај предвидените активности во рамки на натпреварувачкиот дел, ќе бидат организирани и презентации за сите гурмани од нашата, но и од другите интернационални кујни.
Во рамки на програмата, на 12-ти октомври е предвидено е одржување на „Фиш фест“ на Дон Давид, кога судиите, кои се истакнати готвачи со „Мишелин ѕвезди“ ќе приготвуваат скара на отворено, а дегустациите ќе можат да ги извршат сите посетители.