Ohrid.gov.mk

ЗАЕДНИЧКИ ИНСПЕКЦИСКИ КОНТРОЛИ НА АВТО-ТАКСИ ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ОХРИД

Овластени инспектори од Одделението за инспекциски надзор при општина Охрид и Управата за јавни приходи, со асистенција на СВР Охрид, денеска спроведоа теренски контроли на охридските авто-такси превозници.
Во текот на инспекцискиот надзор, констатирани се прекршоци на законските одредби кај три 3 комбиња и 7 такси возила, при што се изречени соодветни санкции за сопствениците.
 
Ваквите заеднички контроли ќе продолжат и во текот на наредниот период со цел да се поодбрат услугите во авто-такси превозот во Охрид.
 
 
 
 
 

Posted

in

by

Tags: