ЗА ВОДИЦИ ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕ КАЈ КРУЖНИОТ ТЕК И КАПЕТАНИЈА
- јануари 16, 2020
- 0
Поради непречено одвивање на сите активности во делот на организизацијата на големиот црквно-народен собир по повод големиот христијански празник Богојавление Водици од 18-ти јануари (сабота) од 23 часот до 20-ти јануари (понеделник) до 16 часот нема да биде дозволено паркирање на потегот во близина на објектот на Капетанијата на пристаништата и паркингот во потегот на кружниот тек во центарот на Охрид.
Се упатува апел до сите сопственици навреме да ги отстранат своите моторни возила од овој потег. Во спротивно, возилата ќе бидат отстранети со помош на надлежните служби.