Општина Охрид ја подготвува Програмата за одбележување на 21-ви Јуни-Денот на Охридското Езеро.

Со цел навремено организирање на настаните и заедничко одбележување на јубилејот „25 години од потпишувањето на Меморандумот за разбирање за заштита на езерото помеѓу трите езерски општини Охрид, Струга и Поградец“ се повикуваат сите здруженија на граѓани, институции и поединци кои имаат подготвено проекти и настани од значење за Охридското Езеро (изложби, промоции на книги, музички концерти и други форми на културно организирање) со точно наведени часови, датуми и локации да ги достават на електронската адреса на Одделението за култура при Општина Охрид ([email protected]) или на Одделението за протокол ([email protected]) најдоцна до 30.05.2025 година.

Сите активности ќе бидат ставени во рамки една програма која ќе се објави најдоцна до 15-ти јуни 2025 година и јавноста ќе биде поканета да присуствува.

Целта на ова известување е да нема поклопување на настаните и локациите и сите заедно на ниво на град Охрид да подготвиме заедничка Програма за достојно одбележување на Денот на Охридското Eзеро.