Согласно Програмата за спорт за 2024 година, од буџетот на Општина Охрид беа доделени средства на Општинскиот фудбалски сојуз за набавка на нови дресови за седум фудбалски клубови.
 
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во СРЦ „Билјанини Извори“ имаше работен состанок со претставниците на клубовите на кои им беше предадена новата спортска опрема. На средбата се разговараше за понатамошната соработка на локално ниво и потребните услови за функционирање на клубскиот фудбал во Охрид.
Градоначалникот Пецаков истакна дека Локалната самоуправа, како и до сега ќе продолжи да дава поддршка на спортот,  развојот на сите спортски дисциплини и подобрување на спортската инфраструктура.