Општина Охрид доби престижна награда на 56-тиот Меѓународен саем за туризам кој од денес до сабота се одржува во Нови Сад, Србија. Наградата се доделува за перспективна и јасна визија за развојот на градот Охрид како актрактивна туристичка понуда. Ова признание претставува значајна потврда за континуираните напори на општината во унапредувањето и промовирањето на туристичките потенцијали на градот.
На промотивниот штанд на Општина Охрид, посетителите имаат можност да дознаат повеќе информации за туристичките знаменитости на градот, сместувачките капацитети, туристичките настани, руралниот туризам и автентичната гастрономска понуда.
На Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, учествуваат повеќе од 250 излагачи од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија и Русија. Оваа година, Република Македонија е земја-партнер на настанот.
На саемот се претставуваат туристички агенции, институции, туроператори, национални паркови, хотели, винарии, мали производители на храна и бројни други субјекти.
[vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”37883,37882,37881,37887″ img_size=”300×300″ css=””][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]