
Денеска во просториите на општина Охрид се одржа работна средба меѓу представници од коалицијата “Сега“ која го раководи Младинскиот Центар-Охрид и представници од организациите: “Maison Pour Tous Leo Lagrange“ од Шербоург и Mussigue Ehperience од Дусе, Франција, кои заеднички го реализираат проектот “ For open minded youth workers“
Во рамки на овој проект во периодот од 8 до 14 март двете организации од Франција се во студиска посета на нашава држава, а целта е да се истражи младинската работа, да се разменат искуства и да се осознаат начините на кои локалните влсти ги поддржуваат младите.
Општина Охрид, денеска беше домаќин на средбата со двете невладини организации од Франција, и на истата представниците беа запознаени со поддршката и начинот на кој малдите во Охрид добиваат подршка од општината.