
ОТКАЖУВАЊЕ НА ДЕТСКА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА
- јули 11, 2025
- 0
Општина Охрид ги известува граѓаните и посетителите дека поради преземање на засилени безбедносни мерки на јавни локации во општината, планираната тетарска претстава за деца „Во царството на другарството“ која требаше да се прикаже денес на 11.07.2025 (петок) на сцената ТЦ „Амам“ се откажува.
Во интерес на јавната безбедност и согласно препораките од надлежните институции, претставата ќе биде одложена за друг термин. Новиот термин за одржување на претставата ќе биде навремено споделен со јавноста.