ОХРИД ДОМАЌИН НА ФЕСТИВАЛОТ „КУПУВАЈ ЛОКАЛНО“
- декември 22, 2022
- 0
- Категорија:
Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на фестивалот на локални производи „Купувај Локално“ што денес се одржа на Факултетот за Туризам и Угостителство во Охрид. Во своето поздравно обраќање пред присутните градоначалникот Пецаков, рече:
– Дозволете да ја изразам мојата благодарност за организација на оваа богата софра на која се промовираат познатите охридски специјалитети: комат, ѓомлезе, леб под сач, различни видови макала, намази, домашно вино и сирење, a секако ги поздравувам и изработивачите на ракотворби.
Кратката многу позната изрека “Ние сме тоа што јадеме” на филозофот Ludwig Feurbach кој живеел во деветнаесетиот век, во целост го означува односoт помеѓу храната и традиционалните вредности и одлики на еден народ. Тоа значи дека се она што днес го гледаме не промовира токму нас.Овој фестивал во иднина го гледам како уште еден настан кој ќе привлекува туристи, а Охрид ќе го промовира како туристичка дестинација која покрај другите содржини ќе понуди традиционална охридска храна и специјалитети карактеристични за овој регион.
Факултетот за туризам и угостителство покажува вистинска иновативност со организација на вакви настани и ги вклучува нашите студенти во активности кои се интересни, а ја поттикнуваат креативноста кај нив. Преку ова случување се едуцираат и поттикнуваат граѓаните да се определат за купување и јадење локална храна која се произведува на традиционален начин што е многу поздрава од се друго што се нуди на пазарот. На овој начин се промовираат приказните на локаолните производители кои и тоа како имаат што да кажат и пренесат.
Се надевам дека овој настан ќе добие традиционален карактер и дека значително ќе допринесе во промоцијата на традиционалната храна и домашните производители, затоа што се она што е домашно- наше е највкусно и најубаво- рече градоначалникот Пецаков.
Фестивалот има за цел да ги презентира локалните производители на храна, рачни ракотворби и други уникатни производи кои се автентични за ова поднебје.
Настанот беше отворен и слободен за сите граѓани и гости кои ја вкусуваа локалната храна и уживаа во мирисот на греаното вино, заедно со луѓето чии изработки ја негуваат традицијата и чувството за постоење.
Организатори на настанот се: Општина Охрид (Сектор за локален економски развој) и Факултетското Студентско Собрание на Факултетот за Туризам и Угостителство – Охрид.