
ОХРИД СЕ ПОКЛОНУВА ВО ЧЕСТ НА ХЕРОИТЕ
- септември 5, 2025
- 0
Градоначалникот Кирил Пецаков, денеска во просториите на охридската касарна присуствуваше на свеченост по повод 81 година од формирањето на Шестата Народноослободителна бригада и 33 години од формирањето на Шестата пешадиска бригада.
Во своето обраќање градоначалникот Пецаков истакна.
–Денеска одбележуваме два битни датуми од македонската историја, 81 година од формирањето на шестата народноослободителна бригада и 33 години од формирањето на шестата пешадиска бригада во Охридската касарна.
Формирањето на Шестата народноослободителна бригада претставува круна на Народноодлободителното движење во регионот, оттаму што означува формирање едно национално тело за борба против фашизмот.
Нашата татковина е родена на придобивките на НОБ, а првото заседание на АСНОМ практично претставува остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност. Тие придобивки во голема мера се добиени благодарение на активностите на ваквите воени единици кои организирано и жестоко се спротиставуваат на фашизмот преку плејада на македонски граѓани кои заеднички се бореле против фашизмот. Затоа, наша обврска и Света должност е да ги негуваме и предедаме тие придобивки на идните генерации.
Во 90 – те години од минатиот век ја стекнавме нашата независности и самостојност, токму тука во просториите на охридската касарна е формирана шестата пешадиска бригада.Зборувајќи за овие два значајни датуми од 1944 и 1992 година уште еднаш потсетуваме дека без почит кон минатото, ниту има просперитет на сегашност, ниту ќе има подобра иднина. Секоја генерација има своја борба и свој стремеж. Нашиот е насочен кон подобар и подостоинствен живот, со цел оваа наша земја да биде заеднички дом на сите граѓани кои својата иднина и иднината на идните поколенија ја гледаат во демократска, модерна и европска Македонија- подвлече Пецаков.
Организатор на настанот е Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија.