РОДОВА ИНКЛУЗИВНОСТ И ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ ВО РУРАЛНИОТ ТУРИЗАМ
- декември 14, 2022
- 0
- Категорија:
„Родова инклузивност и вклучување на жените во руралниот туризам- принципи на агротуризмот“ е темата на дводневната обука на вработените во Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, што започна денес.
Обуките ги спроведуваат стручни консултанти од ЕУРО-ВИСТА КОНСАЛТИНГ.
Работните сесии се на теми: Инклузија на жените во руралните средини; Основи на одржлив рурален развој и рурален туризам; АГРОТУРИЗАМ – Критериуми и стандарди; Услуга на клиенти; Основи на Маркетинг во рурални средини; Презентација на Мерка 7 од ИПАРД 3 Програмата; Презентација на “CANVAS “ моделот; Презентација на модел :„ Дифузни Хотели“.
Обуките се согласно програмата за развој на туризмот и програмата за поддршка на локалниот економски развој за 2022 година.