Вкупно 11 високобразовни институции и 4 средни училишта имаа свое претставување на Саемот за образование и кариера, кој се одржува денеска во Младинскиот центар во Охрид.

На официјалното отварање на саемот, свое обраќање пред присутните имаше заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски.

Saem_OMC25042024002– Ми претставува големо задоволство и чест да бидам денеска тука и да го означам почетокот на Саемот за образование и кариера, организиран од страна на нашиот Младински центар.

Образованието е клучот кој ја отвора вратата кон бескрајните можности, а знаењето ја дава најголемата моќ за остварување на сите соништа. Овој настан претставува значаен чекор за нашите млади, кои стојат пред предизвикот за изборот на соодветна кариера. Во ова време на брз развој, важноста на правилниот избор на образование е нешто што не може да се потцени. Тој ги одредува индивидуалните патишта, но има и големо влијае на општествениот развој во целост.

Изборот на кариера не треба да биде само одлука, туку процес на размислување, истражување и самосвест. Младите треба да бидат поттикнати да ги истражуваат своите интереси, да ги проучуваат своите таленти и да ги разгледаат можностите што им се отворени.

Овде, на овој саем, имаме привилегија да претставиме 4 средни училишта и 11 високообразовни институции, кои нудат различни можности и перспективи. Би сакал да упатам благодарност до сите нив за учеството и секако да го поздравам ангажманот на Младинскиот центар во заложбите за креирање на младински политики и реализирање на активности кои се од големо значење за младите во нашиот регион.

Општина Охрид секогаш е подготвена да даде поддршка на вакви иницијативи и да стимулира ваков вид на настани.

Почитувани,

“Образованието е најмоќното оружје кое може да се употреби за да се менува светот.” рекол Нелсон Мандела, една од најзначајните политички фигури во светската историја. Затоа, бидете мудри, бидете храбри и донесете ја вистинската одлука, за тоа каде ќе го продолжите своето образование.

Во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков Ви посакувам многу големи успеси, со надеж дека голем дел од вас ќе остварат значајни кариери, кои ќе дадат значителен придонес за иднината на нашиот Охрид и нашата Македонија, истакна Божиновски во своето обраќање.

Покрај официјалното саемско претставување на образовните профили и можностите за учениците, во рамки на програмата се одржа и кариерно советување од страна на лиценцирани кариерни советници.