СЕ АДАПТИРААТ СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ КАЈ КАСАРНАТА „МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ“
- април 1, 2019
- 0
Јавните претпријатија во соработка со општина Охрид започна акција за адаптирање на терените за мал фудбал и кошарка кај некогашната касарна „Михајло Апостолски“. Целта на проектот е преку оплеменување на спортските површини, охриѓани повеќе да спортуваат и да се насочуваат на здравите животни навики.
Претходниов период ЈП „Охридски комуналец“ работеше на чистење на дворниот простор од касарната што изминативе неколку години не беше пракса.