Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20),а во врска со член 35од Законот за просторно и урбанистичко планирање(„Сл. Весник на РМ“бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и    член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весникна РСМ“бр. 32/20, 111/23, 73/24 и 171/24),, Градоначалникот на општина Охрид, донесе:

СООПШТЕНИЕ
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА
ПРЕДЛОГ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
ЗА УРБАНА ЗАЕДНИЦА 6 ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 6.1 – ОПФАТ 2, ОПШТИНА ОХРИД,
ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2019 – 2024

СЕ СООПШТУВА организирање јавна анкета и јавна презентација за Предлог Детален урбанистички план за Урбана Заедница 6 дел од Урбан Блок 6.1 – опфат 2, Општина Охрид, плански период 2019 – 2024, со тех. бр. 106/2018 од октомври 2023 год. изработен од страна на Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДООЕЛ – Скопје

  1. Планскиот опфат на Предлог ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.1 – опфат 2, општина Охрид, е со површина од 13.90 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:
    • На северо-запад границата се протега по осовината на собирната ул „7-ми Ноември“ и тоа од крстосницата на собирната ул.„ 7 -ми Ноември“ со ул.„Марко Нестороски“ до крстосницата на собирната ул.„7-ми Ноември“ со собирната улица „Прв градски ринг“ планирана со ГУП за Град Охрид 2002-2012г.
    • На запад границата на опфатот се поклопува со источната граница на опфат на соседниот план Детален урбанистички план за 6-та Урбана заедница, дел од Урбан Блок 6.1 – опфат 1, Охрид
    • На северо-исток границата се протега по основината на планираната собирна сообраќајница „Прв градски ринг“ и тоа од крстосницата со собирната ул.„ 7 -ми Ноември“ до крстосницата со сервисната ул.„Даме Груев“
    • На југ границата се протега по основината на сервисната улица„Даме Груев“ и тоа од крстосницата со собирната ул.„Прв градски ринг“ до крстосницата со ул.„Богомилска“
  1. Јавната анкета ќе трае од 30.08.2024–13.09.2024год.
  2. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 10.09.2024 год.со почеток во12.00часот
  3. Заради обезбедување пристапност и увид од страна награѓаните и правните лица, планот освен на електронскиот систем е-урбанизам, ќе биде истакнат во холот н аопштина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе бидеобјавен на web страната на општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила.
  4. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 12 до 14 часот во просториите на општина Охрид.
  5. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета,можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма и на електронскиот систем е-урбанизам.

 

ПРЕДЛОГ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЗАЕДНИЦА 6 ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 6.1 – ОПФАТ 2, ОПШТИНА ОХРИД, ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2019 – 2024 (132 MB)

АНКЕТЕН ЛИСТ