ТЕКТОНСКАТА ПОЈАВА „ДУВЛО“ ВО КОСЕЛ ПРОГЛАСЕНА ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ
- јули 29, 2024
- 0
Уникатната тектонска појава на локалитетот „Дувло“ во атарот на с. Косел е прогласена за природна реткост согласно решението на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Локалитетот Дувло се наоѓа на одлечеНост од 7 км северно од Охрид на десната страна од регионалниот пат Охрид Битола во с. Косела и е на надморска височина од 750 метри и површина од 0,49 хектари.
Со оваа природна реткост стопанисува Општина Охрид , а со цел да се обезбеди нејзина заштита од општинскиот буџет се издвоени еден милион денари.