Ohrid.gov.mk

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ОБУКАТА ЗА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО ОПШТИНА ОХРИД

Во насока на  развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост во економските процеси, Општина Охрид успешно ја реализираше Обуката за поддршка на жени претприемачи, согласно објавениот Јавен повик.

Во обуката беа вклучени жени и девојки од Охрид кои имаат намера да започнат свој бизнис или веќе водат сопствен бизнис не подолго од три години. Неколкудневната обука се реализираше во просториите на Касарна-Хаб, а нејзината цел беше да ги унапреди капацитетите на жените преку стекнување на нови знаења и практични вештини во областа на деловното планирање, управување и претприемништво.

На пет учеснички на обуката им беа доделени посебни сертификати за претприемништво, со кои ќе може да продолжат со следната фаза – Обука за менторство за почетници во бизнис и постојни претпријатија управувани од жени.

Општина Охрид преку Програмата за локален економски развој ќе продолжи и во иднина активно да работи на поттикнување на женското претприемништво, како важен двигател на инклузивниот економски раст, создавање на нови работни места и подобрување на животниот стандард.

 

 [vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”35202,35200,35199,35201″][/vc_column][/vc_row]

 

 

 

 


by

Tags: