УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ОБУКАТА ЗА МЕНТОРСТВО НА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
- ноември 19, 2025
- 0
Како продолжение на активностите за развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост, Општина Охрид успешно ја реализираше Обуката за менторство за почетници во бизнис и постојни претпријатија управувани од жени.
Обуката е втора фаза од спроведувањето на поддршката за жени-претприемачи. Во оваа фаза учествуваа жените кои претходно добија сертификати на Обуката за претприемништво и стекнаа предуслови да продолжат со дополнителен професионален развој.
Преку стручни менторски сесии, учесничките ги унапредија своите деловни вештини во сферата на бизнис планирање, финансиска одржливост и креативна работа. По успешното завршување на програмата, на учесничките им беа доделени сертификати за учество во менторската обука, како потврда за нивниот професионален напредок и подготвеност за самостојна работа.
Целта на оваа обука е зајакнување на жените во бизнис-секторот, зголемување на нивната конкурентност и овозможување полесен пристап до пазарот. Обуката беше реализирана како дел од Програмата за Локален економски развој на Општина Охрид.



















ОПШТИНА ОХРИД