
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК ВЕЛИГДЕН
- април 20, 2025
- 0
По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите верници од православна и католичка вероисповед.
– Воскресението Христово – Велигден е симбол на животот и новиот почеток. Во духот на овој величествен празник да си посакаме мир во душата, љубов во срцата и благослов во домовите. Нека светлината од велигденската свеќа ги осветли сите патишта по кои чекориме и нека биде наш патоказ кон милосрдие, простување и човечност.
Со секое „Христос воскресе“ нека воскреснува надежта, да се радуваме на здравјето, на семејството и на се што не поврзува.
Денешниот ден, кога целото христијанство го празнува Велигден е можност да ја покажеме вистинската сила на заедништвото и да докажеме дека само мудрата мисла го движи светот кон добра иднина.
Ви посакувам овие празнични денови да ги поминете во весела атмосфера, опкружени со најмилите и да создадете спомени кои се вредни за паметење. Нека божјата милост биде секогаш со вас.
Христос воскресе-Навистина воскресе! Нека е за многу години!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.