По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните.

-Почитувани  охриѓани  и граѓани на Република Македонија.

Нека ни е честит и  вековит денот на независноста на нашата татковина.

На 8ми Септември 1991 година, единствени во намерата за да бидеме свои на своето, на нашиот трет Илинден, храбро, одлучно  и одговорно го остваривме  вековниот сон за слободна, независна и суверена Република Македонија.

 Наша е обврската да го сочуваме  наследството за кое нашите предци се избориле. Она што тие ни го оставиле да им го предадеме на поколенијата. 

Треба да знаеме кои сме за да знаеме што сакаме да бидеме. Треба да знаеме што имаме за да знаеме што сакаме да стекнеме. А, сакаме и целиме кон  значаен  напредок на Македонија во сите сфери од општественото опстојување, подобри услови за живот на нашите деца. Сите заедно да допринесуваме за доброто на демократска и мултиетничка Македонија.  

8ми Септември е ден за љубов кон нашата татковина. Да ни е вековита Република Македонија, стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.