Упатувам честитки до сите мои сограѓани од муслиманска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.

– Посакувам празнувањето да ви мине во добро здравје, душевен мир , радост во срцата,  љубов и семејна хармонија. Вашите домови нека се исполнат со човечка топлина и среќа, а секоја грижа и тага да стане минато. Со своите ближни да ги почуствувате  сите радости на овој голем ден и деновите од големиот пост што претходеа. Месецот Рамазан е месец на добронамерност и солидарност кој поттикнува  добри дела водени од љубовта кон Бога.

Во нашето мултиетничко и мултикултурно општество секогаш се негувале вековитите традиции и големите верски празнувања. Со вас празнуваат и нашите срца и души. Уште многу години сложно и задно да се радуваме на вакви големи денови.

Bajram Serif Mubarek Olsun!