Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до Влашката заедница во Македонија по повод меѓународниот ден на Власите.

– Почитувани наши сограѓани Власи, нека ви е честит  Националниот ден, 23 Мај.  Како заедница вие оставате големи треаги   во градењето на македонската држава и сте значаен  дел од нашето мултикултурно општество со свои карактеристични обичаи и традиции. Вие сте  лојални граѓани на својата татковина и секогаш работите  и творите  за нејзините интереси и сте нераскинлива нишка  од македонската нација.

 Ова е значен ден за Вас.  На овој датум  со посебен декрет  во 1905г. турскиот Султан Абдул Хамид Втори ,  ве признал како  посебен народ, со посебен етнички, јазичен и култрен  идентитет. Минете го овој ден во најдобро расположение и семејна хармонија стои во честитката на градоначалникот Пецаков.