Во организација на охридскиот пливачки клуб „Акваспирит“ и со подддшка на Општина Охрид, денеска, на градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид, започна четвртото издание на Меѓународниот пливачки митинг „Охрид Опен“.

На свеченото отворање на пливачкиот митинг во името на Локалната самоуправа се обрати советникот во Советот на Општина Охрид, Наум Јамандиев. Тој истакна дека оваа манифестација е од големо значење за развој на пливањето како спорт. Тој упати честитки до организаторите со надеж дека оваа манифестација ќе се организира и во иднина. Јамандиев нагласи дека Локалната самоуправа останува доследна на заложбите за континурано помагање на спортот и спортистите.