ШТАНДОВИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА АНКЕТАТА „ДА ПЛАНИРАМЕ ЗАЕДНО“
- август 22, 2019
- 0
Општина Охрид спроведува Анкета „Да планираме заедно“ со цел да ги земе во предвид мислењата и предлозите на граѓаните, во рамки на изработката на Планот за одржлива урбана мобилност -ПОУМ. Анкетниот прашалник е веќе поставен и може да се пополни електронски на општинската веб страница.
Со цел да се опфатат поголем број на заинтересирани граѓани кои сакаат да ја пополнат оваа анкета, Општина Охрид, утре 23.08.2019 година (петок) ќе постави штандови на две локации, на кои граѓаните ќе може да ја пополнат анкетата и тоа :
- Од 09.00 до 12:00 часот пред зградата на Општина Охрид и
- Од 18.00 до 20:00 часот на Плоштадот кај Чинарот
Планот за одржлива урбана мобилност –ПОУМ се изработува со цел да се оптимизира ефикасноста на сообраќајот, да се подобри мобилноста на пешаците и велосипедистите, да се промовира значењето на е-мобилноста во насока на намалување на емисиите на CO2, да се растовари сообраќајот во централно градско подрачје, да се зголеми нивото на безбедност и сигурност на граѓаните и да се подобри социјалната интеграција и еднаквост.
Да бидеме амбициозни, но и реални истовремено, заедно да планираме град во каков што сакаме да живееме!