Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ шеесетата седница на Советот на општина Охрид на ден 30.06.2021 година (среда) со почеток во 11:00 часот.

Седницата ќе се одржи во големата сала во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

1.      Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти.

2.      Предлог – Одлука за давање согласност на статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.

3.      Предлог – Заклучок за усвојување информација за PEFA Анализа ЕЛС Општина Охрид 2021 – извештај за оценка на перформансите на јавните расходи и финансиската одговорност.

4.      Предлог- Одлука за  давање согласност на измените на годишниот  план за  вработување   на општина Охрид за 2021 година.

5.      Предлог- Одлука за  ослободување од плаќање надомест за користење јавен паркинг простор на подрачјето на општина Охрид.