ШИРОКО-ОПФАТНА АКЦИЈА ЗА ПОДИГАЊЕ НЕСООДВЕТНО ДЕПОНИРАН ОТПАД
- февруари 21, 2022
- 0
Чиста и уредена околина, животна средина во која секојдневно рaботиме и живееме, се заложбите на Ј.П.„Охридски Kомуналец” кои ги има зацртано во своите активности. Но тоа сами не можеме да го постигнеме без заедничка соработка со секој граѓанин и правен субјект во борбата за повисока еколошка свест.
Денеска се реализира широко-опфатна акција за подигање на несоодветно депониран градежен шут, зелен отпад, кабаст отпад и друг вид габаритен отпад на различни локации во градот и околината: населба Даљан, ул.„Гоце Делчев”, „ Ариф Мустафа”, „7-ми Ноември”, „Егејска”, „Богомилска”, „Питу Гули”, „Булевар Туристичка”, „Кеј Македонија”, „Галичица”, „АСНОМ” и „Јордан Мијалков”.