РАСКАЗОТ „ПУРА ВО ОСАКА“ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЖИВКО ЧИНГО ЗА 2021 ГОДИНА
- август 6, 2021
- 0
Расказот „Пура во Осака“ под шифра „Архина“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2021 година што општина Охрид ја доделува по повод Традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
По распишаниот Конкурс на општина Охрид за најдобар расказ биле пристигнати 47 раскази.
Жири комисијата во состав, проф. д-р Димитар Пандев- претседател, проф. Славе Ѓорѓо – Димоски член и Тоде Илиески – член, издвои десет раскази во поширок и три раскази во потесен избор. На работниот состанок одржан на 06.08.2021 година, едногласно било одлучено наградата „Живко Чинго“ за 2021 година да му припадне на расказот „Пура во Осака“ под шифра „Архина“.
Расказот „Пура во Осака“ е осмислен како продолжен суптилен дијалог во кој се актуализираат современите предизвици на македонскиот јазик
Авторот на расказот со четвртиот примерок најдоцна до 11.08 2021 година треба да дојде во просториите на општина Охрид и да го докаже своето авторство.