СЕ СВИКУВА СОБИР НА ГРАЃАНИ ВО ПЕШТАНИ, ДОЛНО КОЊСКО, ЛАГАДИН И ЕЛШАНИ
- јуни 8, 2022
- 0
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.
- На 14.06.2022 (Вторник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Пештани, с. Пештани. Собирот ќе се одржи во домот основното училиште.
- На 14.06.2022 (вторник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Долно Коњско, с. Долно Коњско. Собирот ќе се одржи во основното училиште.
- На 14.06.2022 (вторник) со почеток во 20:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Лагадин, с. Лагадин. Собирот ќе се одржи во основното училиште.
- На 14.06.2022 (вторник) со почеток во 20:30 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Елшани, с. Елшани. Собирот ќе се одржи во основното училиште.
На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница.
Заради вршење избор на членови на совет на месна заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во горенаведените населени места.