СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАЦРТ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД УБ 2.3-ОПФАТ 5 КО ОХРИД 3
- октомври 17, 2023
- 0
Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ. бр.51/05, 137/07, 24/08, 91/09, 124/10, 18/11, 144/12, 55/13, 163/13, и 42/14) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, донесе:
СООПШТЕНИЕ
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАЦРТ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД УБ 2.3-ОПФАТ 5 КО ОХРИД 3
СЕ ОРГАНИЗИРА
јавна анкета и јавна презентација за НАЦРТ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД УБ 2.3-ОПФАТ 5 КО Охрид 3, изработен од ,, Човек и Простор,,дооел Охрид со технички број 18 РА/12 од септември 2023 г.
1.Планскиот опфат на НАЦРТ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД УБ 2.3-ОПФАТ 5 КО ОХРИД 3 со површина од 0.85 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:
– на север, овој простор се граничи со КП бр. 14985 (средно економско училиште),
– на исток со КП бр. 15541 (детска градинка Јасна Ристеска),
– на југ се граничи со сервисната улица Димитар Влахов и
– на запад со станбената улица Мите Богоески.
- Јавната анкета ќе трае од 16.10.2023 – 31.10.2023 год.
- Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на Општина Охридна ден 30.10.2023год. со почеток во 12.00 часот.
- Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планот освен на електронскиот систем е-урбанизам, ќе биде истакнат во холот на Општина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе биде објавен на web страната на Општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила.
- Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13 до 15 часот во просториите на Општина Охрид.
- Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма.