ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА ЗА РАЗВОЈ НА КАСАРНА ОХРИД ВО ТЕХНОЛОШКО – РЕКРЕАТИВНА ЗОНА
- декември 12, 2023
- 0
Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР, во рамки на Проектот OHRID GO, организира Јавна Расправа за „Физибилити Студија за развој на Касарна Охрид во Технолошко – Рекреативна Зона“. Расправата ќе се одржи на ден 15.12.2023 година во 12:00ч, во Големата Сала на општина Охрид. Се покануваат сите заинтересирани страни да земат учество на презентацијата на Драфт Верзијата на Студијата и активно да учествуваат во нејзиното финализирање со свои предлози, сугестии и сл. Драфт Финалната верзија на Физибилити Студијата може да ја преземете во електронска верзија на следниот линк.