Градоначалникот Кирил Пецаков, денес оствари средбра со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија, кој за првпат од неговото именување е во посета на Општина Охрид.
На средбата се разговараше за повејќе значајни теми и области за Охрид. Фокус на разговорот беше реализацијата на проектот „Ohrid Go“ кој е финансиран од Европската Унија, а се однесува на проекти кои се реализраат во склоп на поранешната касарна. Амбасадорот изрази поддршка за работата во таа насока и честитки за тоа што Општина Охрид е една од ретките општини кои просторот од поранешните касарни го оплемени со содржина. [vc_row][vc_column width=”1/2″][vc_single_image image=”36077″ img_size=”200×300″ alignment=”center”][/vc_column][vc_column width=”1/2″][vc_single_image image=”36079″ img_size=”200×300″ alignment=”center”][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]Градоначалникот го запозна Амабасадорот со идните планови кои треба да се реализираат исто така во склоп на поранешната Касарна. Се разговараше и за евентуална поддршка на некои од тие проекти кои дополнително би го оплемениле овој простор како би добил еден урбан лик.
Амбасадорот позитивно го оцени спроведувањето на овој голем и значаен проект во чиј склоп е намалување на отпечатокот на CO2 со воведување на алтернативни средства на урбана мобилност, односно зелен урбан систем, за чија цел се набавени електрични велосипеди и електрични возила, со што населението и посетителите ќе може да ги користат за транспорт во стариот дел на градот. Диверзификација на локалната туристичка понуда преку воведување зелени рекреативни содржини адреналински парк и Pump Up патека, како и развој на локалната економија базирана на знаење преку формирање на Smart Ideas Hub како старт-ап центар.
Дополнително Амбасадорот изрази честитки за успешното финансико менаџирање на Општина Охрид во изминативе години и нагласи дека тоа ќе биде додадена вредност при аплицирањето на проекти за финанисирање од страна на ЕУ.
Исто така се разговараше и за развојот на туризмот, реализацијата на инфраструктурните проекти како локални така и државни. Стана збор и за актуелната тема поврзана со статусот на Охрид во УНЕСКО, за што беше изразена поддршка во напорите на Охрид во реализација на препораките.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
