ЗАВРШИ ТРИЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- октомври 18, 2019
- 0
Советот на општина Охрид на денешната седница ги прифати предложените одлуки за давање согласност на одлуката за поделба на МЈП „ Проаква“ – Струга со раздвојување со основање и раздвојување со превземање (комбинирана поделба) ,за давање согласност на одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП „ Проаква“- Струга и склучување на спогодба за присоединување кон ЈП „ Колекторски систем“ – Скопје преку комбинирана поделба- раздвојување со основање и раздвојување со превземање и за поделба на МЈП „ Проаква“- Струга преку комбинирана поделба- со раздвојување со основање и раздвојување со превземање.