ОХРИД УСПЕШНО СЕ ПРОМОВИРА ВО ИТАЛИЈА
- октомври 30, 2019
- 0
- Категорија:
По неодамна одржаните промотивни настани, промо турата „Охрид 2019“ и “Ohrid Outdoor Festival” градов успешно се промовира како привлечна туристичка дестинација за италијанските гости и туристи не само во лето туку и во есенскиот и зимскиот период од годината. На настаните учествуваа туроператори и новинари од Италија.
Италијанските гости заедно со 150 љубители на планината и алтернативните видови спорт во рамки на „Ohrid Outdoor Festival” уживаа во возење велосипеди и искачување на врвот на планината Галичица од каде се гледаат двете езера Охридското и Преспанското. За учесниците на фестивалот беа презентирани и вештините на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, која на регионот околу Охридското Езеро му дава дополнителна поткрепа во напорите за развој на авантуристичкиот туризам.
Веднаш по завршување на охридските промотивни настани во најпознатите италијански списанија беа објавени промотивни текстови за Охрид меѓу кои и „Охридското Езеро е најстаро во Европа“ .