ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА УЛИЦА „КЕЈ МАКЕДОНИЈА“
Се известуваат сите граѓани на Општина Охрид како и останатите учесници во сообраќајот дека од 02.06.2022 година, се забранува секаков вид на моторен сообраќај на улица „Кеј Македонија“ на потегот од пресек со улица „Македонски Просветители“ (кружна крстосница плоштад) до пресек на улица „Кеј Македонија“ со улица „Ванчо Николески“. Погоре наведениот дел од улицата од 02.06. (четврток) 2022 година ќе се користи за движење на пешаци и велосипедисти.
СЕ ОДЛОЖУВА СОБИРОТ НА ГРАЃАНИ ЗА ИЗБОР НА СОВЕТИ НА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО КОСЕЛ И ТРПЕЈЦА
Согласно статутот на општина Охрид член 105, став 4, мандатот на членовите на советот на месната самуправа трае 4 (четири) години. Мандатот на сегашниот состав на советот на месната заедница Трпејца истекува на ден 30.10.2022 година, а мандатот на сегашиот состав на месната заедница Косел истекува на ден 07.09.2022 година. Поради тоа, Општина Охрид го одложува закажаниот собир на граѓани за овие две месни заедници. Изборот на Совет на месна заедница за овие две населени места ќе се изврши по истекот на мандатот на сегашиот состав. Активен мандат на совет на урбана заедница има и Урбана заедница 1 Стар Град, заклучно со ден 13.02.2023 година. Согласно статутот на општина Охрид член 106 став 1, одлука за распишување избори за членови на советот на облиците на месната самоуправа донесува советот во стариот состав, најдоцна 30 дена пред истекот на мандатот.
РАСПОРЕД ЗА СОБИРИ НА ГРАЃАНИ ЗА ИЗБОР НА СОВЕТИ НА УРБАНИ ЗАЕДНИЦИ
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ. На Собирите ќе се врши избор на членови на Совети на Урбани Заедници. Собирите на граѓани се свикуваат по следниот распоред: На ден 16.06.2022 година ( четврток ) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -2 “Центар”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1. Урбаната заедница -2 “Центар” го завзема источниот дел од крајбрежието и се граничи со: од Исток булевар “АСНОМ”, од Запад булевар “Македонски Просветители”, од Север булевар “Туристичка” и од Југ “Охридско Езеро”. УЛИЦИ: Булевар “Туристичка” – лева страна( непарни броеви) од почеток до пресек со ул. “Македонски Просветители” (зграда “Печијаре” бр.79 ), ул. “Македонски Просветители” од езеро десна страна –парни броеви до бр.16 пресек со булевар “Туристичка” (кај зграда “Печијаре”), ул.”Ванчо Николески”, ул.“Димитар Влахов”, ул.“Кеј Македонија”, ул.“Партизанска”, ул.“Серафим Китаноски”, ул.“Страшо Пинџур”, ул.“Војдан Чернодрински:, ул.“Јане Сандански” – од почеток лева страна бр.1-бр.47 и десна страна од бр.2-бр.32 (семафори “Мини Маркет”) пресек со ул. булевар “Туристичка” ,ул. “Славеј Планина” ,ул. “Спас Банџов”,ул. “АСНОМ” – од езеро до пресек со булевар “Туристичка” зграда А-13, “Даме Груев” – од почеток до бр.87 и бр.112- (пресек со булевар “Туристичка”), ул.“Мите Богоески”, ул.“Кузман Јосифоски”. На ден 17.06.2022 година ( петок ) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -3 “Кошишта”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1. Урбаната Заедница -3 “Кошишта” се граничи со: од Исток ул.”Пирин Планина”, ул. “Кирил и Методи”, собирна улица “С-9”, од Запад ул. “Бистрица”, од Север ул. булевар “Туристичка” и од Југ ул. “Васил Стефоски”. УЛИЦИ: Ул. “Гоце Делчев” – од бр.111 лева страна и 118 десна страна- пресек со ул. “Пирин Планина” до пресек со ул. “Бистрица”бр.229 лева страна и бр.250 десна страна, ул.“Кирил и Методи” – дел од бр.42 до крај десна страна и од 19 до крај лева страна, ул.“Вардар”,ул.Андон Дуков од бр.39 до крај и од бр. 18 до крај, ул.“Пирин Планина” – дел лева страна од почеток до бр.35, до пресек со ул.булевар “Туристичка”,ул.булевар “Туристичка” лева страна од бр.89 пресек со ул. “Пирин Планина” до пресек со ул. “Бистрица” бр.97, ул.“Стив Наумов” –од почеток до бр.49 и бр.2 до бр.38, пресек со булевар “Туристичка”, ул.“Пере Тошев”, ул.“Петар Поп Арсов”, ул.“Ѓоре Георгиески”, ул.“Крум Точков”, ул.“Васил Стефоски” – дел од бр.2 до бр.20 пресек со ул.Бистрица, ул.“Махмут Рифат”, ул.“Ариф Мустафа”, ул.“Xaџи Мустафа” – дел од почетната точка до бр.50 и од почеток до бр.27- пресек со ул. “Бистрица”, ул.“Илија Дуданоски”. На ден 20.06.2022 година (понеделник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница – 4 Воска. Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1. Урбана заедница – 4 Воска го завзема најголем дел од западното крајбрежје и се граничи со: од Исток со ул. “Бистрица”, од Запад река “Даљан”, од Север булевар “Туристичка” – клучка, и од Југ “Охридско Езеро”, реката “Грашница”. УЛИЦИ: Ул.“Гоце Делчев” – од бр.231 до крај и од бр.252 до крај пресек со ул. “Бистрица”, ул.“Хаџи Мустафа” – дел, ул.“Бистрица”, ул.“Васил Стефоски” – дел, ул.“Шар Планина”, ул.“Никола Петров Русински”, ул.“Сатеска”, ул.“Мичо Гилиќ”, ул.“Трајче Трајчески”, ул.“Распаќе”. На ден 21.06.2022 година ( вторник ) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -5 “Лескајца”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1. Урбаната заедница -5 “Лескајца” го завзема западниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток ул. “Пирин Планина”, од северозапад ул. “Железничка”, клучка и од Југ булевар “Туристичка”. УЛИЦИ: Булевар “Туристичка” – десна страна од бр.66 до крај петља, ул. ново проектирана – продолжение на ул.”Пирин Планина” лева страна до ул. “Железничка”, ул.“Дејан Војвода” – дел (од бр.145 до крај и бр.246 до крај,ул. “Крали Марко”- дел од лева страна, ул.“Стив Наумов” – од пресек со ул. булевар “Туристичка” бр.21 до крај и 50 до крај, ул. “Јабланица”, ул. “8 Март”, ул. “Бистрица” – дел бр.96 до крај и бр.41 до крај –(пресек со ул. булевар “Туристичка”), ул. “Хаџи Мустафа” – дел од пресек со булевар Туристичка до пресек со ул. Железничка, ул. “Железничка” – дел пресек со ул. “Пирин Планина” кај “Нискоградба” до клучката лева страна. На ден 22.06.2022 година (среда) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбаната Заедница -6 “Даме Груев”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1. Урбаната Заедница -6 “Даме Груев” го завзема средишниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток ул. “Јане Сандански”, од Запад ул. “7-ми Ноември”, од Север “1 Градски Ринг” и од Југ булевар “Туристичка”. УЛИЦИ: Ул. булевар “Туристчка” – десна страна од бр.18 (семафори кај “Мини Маркет”) до семафори кај “Охридска банка” пресек со ул 7-ми Ноември ( зграда Кифла), ул. “7 Ноември” – десна страна од пресек со билевар “Туристичка” (зграда Кифла) до бр,196 десна страна пресек со нова ул. “Прв градски ринг” , ул. “Марко Нестороски” – од почеток до пресек со ново проектирана ул. “Прв градски ринг” бр.31 лева страна и бр 68 десна страна, “Јане Сандански” – лева страна од бр.49 – ( “Мини Маркет”) до бр. 187 -пресек со нова ул. “Прв градски ринг” ,ул. “Даме Груев” – од пресек со ул. булевар “Туристичка” бр.114 до бр. 236 и бр.89 до 267 ( пресек со нова ул. “Прв градски ринг”),ул. “Караорман” – од пресек со булевар “Туристичка” бр.3 до крај и 2 до крај, ул. “Богомилска”. На ден 23.06.2022 година ( четврток ) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -7 “7-ми Ноември”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1. Урбаната Заедница -7 “7-ми Ноември” го завзема средишниот дел од градската територија и се граничи со: од исток ул. “7-ми Ноември”, од Запад ул. “Пирин Планина”, од Север “1 Градски Ринг” и од Југ булевар
НОВ ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА УЛИЦА „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“
Поради градежни активности за реконструкција од утре 01.06.2022 година (среда) ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај на улица „Македонски Просветители“ во Охрид. Делот од улицата „Македонски Просветители“ од пресекот со улица „Даме Груев“ до пресекот со улица „Партизанска“ ќе биде затворен за секаков вид сообраќај и истиот ќе се пренасочува по споредните улици. Исто така, дел од улицата „Димитар Влахов“ од пресекот со новопроектираната улица кај поранешниот влез за старата автобуска станица, до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде целосно затворен за секаков вид сообраќај. На дел од улицата „Партизанска“ од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со улица „Кузман Јосифоски Питу“ ќе се воспостави режим на сообраќај во двете насоки и на овој дел се забранува запирање и паркирање. Се молат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времениот режим на сообраќај.
ОДОБРЕНИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИТЕ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ВО РАМКИТЕ НА RELOAD2
Општина Охрид ги известува граѓанските организации кои учествуваа на јавниот повик за поднесување предлог проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) спроведен во партнерство со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) дека е донесена конечна одлука, односно предлог проектите кои ги поминаа сите прагови на евалуација се одобрени за финансирање. Одборот на партнери на ReLOaD2, составен од претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, УНДП, Министерството за локална смоуправа, ЗЕЛС и претставник на Советодавната група на проектот одобрија за финансирање три од пристигнатите предлог проекти. Во следниот период, дополнително ќе бидат контактирани граѓанските организации чии предлог проекти се одобрени, со цел да биде доделен договор за имплементација на проектот. Одлуката на Одборот на партнери на ReLOaD2 е конечна и по неа не може да се поднесуваат жалби. Во продолжение ја објавуваме целосната табела од резултатите од евалуацијата на предлог проекти од граѓанските организации добиени на јавниот повик во рамките на ReLOaD2 проектот. [vc_row][vc_column][vc_message]ОДОБРЕНИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИТЕ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ВО РАМКИТЕ НА RELOAD2 [/vc_message][/vc_column][/vc_row]
РАСПОРЕД ЗА СОБИРИ НА ГРАЃАНИ ЗА ИЗБОР НА СОВЕТИ НА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ. На собирот ќе се врши избор на Совет на месните заедници. Собирите на граѓани се свикуваат по следниот распоред : На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Велгошти, с Велгошти. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Косел, с Косел. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 19.45 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Вапила, с Вапила. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 20.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Лескоец, с Лескоец.Собирот ќе се одржи во домот во с Лескоец. На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 20.15 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Ливоишта, с Ливоишта. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 07.06.2022 (вторник) со почеток во 18.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Плаќе, с Плаќе. Собирот ќе се одржи во зградата на поранешна општина Косел. На 07.06.2022 (вторник) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Опеница, с Опеница. Собирот ќе се одржи во зградата на поранешната општина во с Косел. На 07.06.2022 (вторник) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Речица, с Речица. Собирот ќе се одржи во зградата на поранешна општина Косел. На 07.06.2022 (вторник) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Куратица, с Куратица. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 07.06.2022 (вторник) со почеток во 20.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Свињишта, с Свињишта. Собирот ќе се одржи во домот во с Свињишта. На 07.06.2022 (вторник) со почеток во 20.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Завој, с Завој. Собирот ќе се одржи во домот во с Завој. На 08.06.2022 (среда) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Горно Лакочереј, с Горно Лакочереј.Собирот ќе се одржи во трпезарија на црквата Св Никола во с. Г.Лакочереј. На 08.06.2022 (среда) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Подмоље, с Подмоље. Собирот ќе се одржи во домот во с.Подмоље. На 08.06.2022 (среда) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Орман, с Орман. Собирот ќе се одржи во домот во с Орман. На 08.06.2022 (среда) со почеток во 20.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Долно Лакочереј, с Долно Лакочереј.Собирот ќе се одржи во просториите на културниот дом во с.Д Лакочереј. На 09.06.2022 (четврток) со почеток во 18.30 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Љубаништа с.Љубаништа.Собирот ќе се одржи во просторија во домот во селото. На 09.06.2022 (четврток) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Расино, с Расино. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 09.06.2022 (четврток) со почеток во 19.30 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Трпејца с.Трпејца.Собирот ќе се одржи во основното училиште во с.Трпејца. На 09.06.2022 (четврток) со почеток во 20.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Сирула, с Сирула. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 14.06.2022 (вторник) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Долно Коњско с.Долно Коњско .Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 14.06.2022 (вторник) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Пештани с.Пештани.Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 14.06.2022 (вторник) со почеток во 20.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Лагадин с. Лагадин .Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 14.06.2022 (вторник) со почеток во 20.30 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Елшани с.Елшани.Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 15.06.2022 (среда) со почеток во 18.30 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Свети Стефан, сШипокно.Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 15.06.2022 (среда) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Рамне, с Рамне.Собирот ќе се одржи во големата сала во општина Охрид. На 15.06.2022 (среда) со почеток во 19.30 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Велестово, с Велестово.Собирот ќе се одржи во во домот во с Велестово. Врз основа на Статутот на општина Охрид, Советот на облиците на месна самоуправа е составен од 3 (три) до 7 (седум) членови. Мандатот на членовите на советот на месната самоуправа трае 4 (четири) години.
ОПШТИНА ОХРИД СЕ ВКЛУЧИ ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА
Со осветлување на зградата на Општина Охрид во портокалова боја, локалната власт се вклучи во одбележување на 30 Мај, Светскиот ден на лица со мултипла склероза. Бројот на новодијагностицирани пациенти со мултипла склероза постојано расте, бидејќи секоја година се дијагностицираат нови 80 до 120 пациенти, а повеќе од 50 пациенти се на листата на чекање за примање на високоефикасна терапија. Лицата кои се на листата за чекање за терапија се млади, работоспособни и сè уште можат да го дадат својот придонес во општеството, но ако останат и понатаму без терапија, постои ризик за прогресија и појава на неповратен инвалидитет. Од мултипла склероза во Светот боледуваат околу три милиони лица, меѓу кои околу 1 500 наши граѓани, што не прави земја со висок ризик. Специфично е што болеста е повеќе проширена кај женската популација. Иако е дијагностицирана пред повеќе од илјада години, главниот причинител за болеста сè уште не е познат.
НОВ ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА УЛИЦИТЕ „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“ И „ДИМИТАР ВЛАХОВ“
Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од 23.05.2022 (понеделник) година на дел од улицата „Македонски Просветители“ и на дел од улицата „Димитар Влахов“ ќе се воспостави нов времен режим на сообраќај заради интензивирање на градежните работи на улицата „Македонски Просветители“. На улицата „Македонски Просветители“ на потегот од крстосницата на оваа улица со улицата „Даме Груев“ па се до крстосницата на оваа улица со улицата „Партизанска“ ќе се воспостави еднонасочен сообраќај во правец кон езерото. Возилата кои се движат по улицата „Димитар Влахов“ на крстосницата на оваа улица со улицата „Македонски Просветители“ задолжително ќе свртуваат во лево. На дел од улицата „Македонски Просветители“ од раскрсницата со улица „Даме Груев“ па се до крстосницата со улицата „Партизанска“ се забранува запирање и паркирање на возила. Се молат учесниците во сообраќајот, движењето да го прилагодат во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.
ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА „МОЈОТ ДАНОК, ЗА МОЈАТА ОПШТИНА!“
Општина Охрид како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ Едукативната кампања „Мојот данок, за мојата општина!“има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината. Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот. [vc_row][vc_column][vc_video link=”https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQ&t=4s” align=”center”][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text] Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој. Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот. За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото објавено во прилог и информирајте повеќе од летокот летокот објавен во прилог. „До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.“[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text] [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД „САРАИШТЕ“ И „КАНЕО“
Општина Охрид упатува апел до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетите „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.
