Општина Охрид ги известува граѓанските организации кои учествуваа на јавниот повик за поднесување предлог проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) спроведен во партнерство со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) дека е донесена конечна одлука, односно предлог проектите кои ги поминаа сите прагови на евалуација се одобрени за финансирање.

Одборот на партнери на ReLOaD2, составен од претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, УНДП, Министерството за локална смоуправа, ЗЕЛС и претставник на Советодавната група на проектот одобрија за финансирање три од пристигнатите предлог проекти.

Во следниот период, дополнително ќе бидат контактирани граѓанските организации чии предлог проекти се одобрени, со цел да биде доделен договор за имплементација на проектот.

Одлуката на Одборот на партнери на ReLOaD2 е конечна и по неа не може да се поднесуваат жалби.

Во продолжение ја објавуваме целосната табела од резултатите од евалуацијата на предлог проекти од граѓанските организации добиени на јавниот повик во рамките на ReLOaD2 проектот.

ОДОБРЕНИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИТЕ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ВО РАМКИТЕ НА RELOAD2