Ohrid.gov.mk

СЕ ОБЕЛЕЖУВААТ ПОВРШИНИТЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ПРЕД ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ

Надлежните служби на Локалната самоуправа деновиве спроведуваат активности за обележување на површините за поставување на урбана опрема пред деловни објекти, согласно Одлуката донесена од Советот на Општина Охрид. Извршено е обележување на локациите во централното градско подрачје и чаршијата, а во текот на наредните денови, обележувањето ќе продолжи и на други локации по должина на кејот и стариот дел на градот, на кои е предвидено поставување на урбана опрема Се информираат сопствениците на деловните објекти, пред кои се поставува урбана опрема да ја почитуваат обележаната површина, бидејќи во наредниот период ќе следат засилени инспекциски контроли. Општина Охрид ги повикува сопствениците на урбана опрема кои не поседуваат одобрение за поставување на урбана опрема, во најкус можен рок да поднесат барање до Секторот за урбанизам и заштита на животна средина, со цел да им биде издадено потребното одобрение.          

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ГИ ПРИМИ МЛАДИТЕ ТЕКВОНДИСТИ КОИ ОСВОИЈА ВИСОКИ НАГРАДИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ХРВАТСКА

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска ги прими охридските теквондисти Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска кои освоија високи награди на Европското теквондо ИТФ првенство кое се одржа во месец март во Пореч, Хрватска. Младите спортисти како дел од македонската теквондо репрезентација се напреварувале во повеќе категории во конкуренција од 850 натпреварувачи од 24 држави. На средбата градоначалникот Пецаков им честише за постигнатите успеси и во името на Општина Охрид им додели еднократна парична награда, како мотив за понатамошни спортски достигнувања.      

ГЕНЕРАЛНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДИВИ ДЕПОНИИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНАТА

Во организација на Општина Охрид и со поддршка на охридските јавни претпријатија  и економските оператори кои соработуваат со локалната власт утре  од рано наутро ќе се спроведе целодневна акција за расчистување на дивите депонии на територијата  на општината. Ќе се чистат диви депонии мапирани од страна на ЈП „Охридски Комуналец“на неколку локации во градов. Во акцијата ќе бидат вклучени 50 луѓе и механизација , багери, камиони, трактори.      

ЗАБРАНА ЗА ПАРКИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од 18.04.2022 година (понеделник), се забранува паркирање и запирање на паркинг просторот на улица „Македонски Просветители “од пресекот со улица „Димитар Влахов“ до пресекот со улица „Даме Груев“,  поради изведување на градежни работи. Исто така се упатува молба до сите пешаци за зголемена претпазливост. Останатите делови од улицата и околните улици ќе функционираат согласно веќе воспоставениот режим на сообраќај.            

СЕ УРЕДУВА ДВОРОТ НА ЦРКВАТА „СВЕТА БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТА“

Во тек е рехабилитација и санација на дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“. Активностите се дел од програмските планови на Општина Охрид за партерно уредување во стариот дел на градот. На оние делови каде што има поголеми оштетувања поставена е нова тампон основа и извршено е прередување на каменот. Во текот на претходниот период со средства на општинскиот буџет, беше извршена реконструкција и рехабилитација на неколку улици и пешачки патеки.      

ОДБЕЛЕЖАН 2. АПРИЛ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ

Со осветлување на зградата на Општина Охрид во сина боја, Општина Охрид се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам. Околу 1% од светската популација се лица со аутистичен спектар на нарушувања. Се претпоставува дека 7 милиони луѓе во Европска Унија и околу 15 до 20 000 лица во  Република Македонија имаат аутистичен спектар на нарушувања. Со резолуција на Генералното обрание на Обединетите нации од 2007 година, 2 Април се одбележува како Меѓународен ден на аутизмот. Во рамки на надлежностите и можностите, Општина Охрид, финансиски и материјално ги поддржува организациите кои работат со овие лица.    [vc_row][vc_column][vc_single_image image=”21451″ img_size=”full” alignment=”center” style=”vc_box_shadow_3d” onclick=”link_image” css_animation=”fadeIn”][/vc_column][/vc_row]            

РУИНИРАНИТЕ ЈАВНИ ПОВРШИНИ СЕ ВРАЌААТ ВО ФУНКЦИЈА

Јавните површини, кои подолг временски период беа руинирани и запуштени ќе се враќаат во функција. Откако службите на Општина Охрид извршија увид и ја утврдија состојбата во која се наоѓаат, плоштадот кај Мини маркет, пешачките патеки канал Студенчишта – хотел Парк, Лабино – Канео, Лабино – Воска – Даљан, детските и повеќенаменските игралишта на цела територија од Општина Охрид, се пристапи кон изготвување на план и се утврди динамиката за нивна санација. Согласно изготвениот план и динамиката, зафатите за реконструкција ќе започнат од идната недела. Додека за оштетувањата на делови од коловозот и тротоарите кои беа настанати во изминатиот период на улиците кои беа реализирани пред околу една година, „15-ти Корпус“ и „Јане Сандаснки“, Општина Охрид се договори со изведувачот на градежните работи да се санираат сите овие пропусти во најкус можен рок и без дополнителен трошок за Локалната самоуправа.            

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО НАСЕЛБА „ХРИСТО УЗУНОВ“

Од утре 24.03.2022 година (четврток) во населбата „Христо Узунов“ на кракот кон кулите и кон ординација „Д-р Алексиески“ ќе се изведуваат градежни активности. Се замолуваат жителите на населбата и граѓаните кои гравитираат на овој потег да ги отстранат паркираните возила заради напречено и безбедно одвивање на градежните активности. Градежните активности ќе ги изведува ДООЕЛ „Маркоски“.          

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“

Активности за асфалтирање на дел од Булеварот „Македонски Просветители“ се одвиваат денеска. Се асфалтира делот кој беше опфатен во првата фаза од реконструкцијата на Булеварот. По целосното завршување на овој дел, активностите продолжуваат на делот опфатен во втората фаза од реконструкцијата на Булеварот „Македонски Просветители“. Инаку, согласно проектот предвидено е комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас. Изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“              

СЕ УРЕДУВААТ ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО ОХРИД

По налог на Општина Охрид,  екипи на охридските јавни претпријатија деновиве  работат на партерно уредување на јавни површини на неколку локации во Охрид и неговата околина. Во село Пештани  се  уредува и поплочува  пристапната улица која го поврзува ова населено место со регионалниот пат Охрид- Св. Наум. Изведувач на градежните активности е фирмата „Кими-Ибра“ од Кичево.  Во село Велгошти со бехатон плочки се поплочи пристапната улица што води до ООУ „Живко Чинго“.  Екипи на ЈП “Водовод“- Охрид работат на поставување нова водоводна линија на улица  “Григор Прличев“ во стариот дел на градот.  Активностите се реализираат  со средства од буџетот на Општина Охрид.