По налог на Општина Охрид,  екипи на охридските јавни претпријатија деновиве  работат на партерно уредување на јавни површини на неколку локации во Охрид и неговата околина.

Во село Пештани  се  уредува и поплочува  пристапната улица која го поврзува ова населено место со регионалниот пат Охрид- Св. Наум. Изведувач на градежните активности е фирмата „Кими-Ибра“ од Кичево.  Во село Велгошти со бехатон плочки се поплочи пристапната улица што води до ООУ „Живко Чинго“.  Екипи на ЈП “Водовод“- Охрид работат на поставување нова водоводна линија на улица  “Григор Прличев“ во стариот дел на градот. 

Активностите се реализираат  со средства од буџетот на Општина Охрид.