НАЗНАЧЕНА НОВА В.Д. ДИРЕКТОРКА ВО ООУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“
Градоначалникот Кирил Пецаков, за нов В.Д. директор на ООУ „Григор Прличев“ ја назначи Лилјана Ефтимовска, професор по историја. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Ивана Маховска Шикалеска, која поднесе оставка од позицијата. Градоначалникот Кирил Пецаков и се заблагодари за досегашниот ангажман и соработка.
ОХРИД КАКО ОД БАЈКИТЕ
Охрид заблеска во Новогодишниот сјај. За украсувањето на централното градско подрачје преку јавен повик ангажирана беше фирмата „Металват. Украсени се улиците „Македонија“ и „Македонски Просветители“, градскиот кеј и градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“. Украсување на булеварот „Туристичка“ и останатите сообраќајници во градот се искористија светлечки реквизити кои се во сопственост на Општина Охрид. Истите беа поставени од екипите на ЈП „Охридски Комуналец“. Општина Охрид подготви богата музичка програма за прослава на Новата 2022 година, на која ќе настапат бројни домашни естрадни уметници.
ДЕВЕДЕСЕТ И СЕДУМ ГОДИНИ ОД СМРТА НА ОХРИДСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР И ВОЈВОДА ПЕТАР ЧАУЛЕВ
Денес се навршуваат деведесет и седум година од убиството на Петар Чаулев, македонски револуционер и војвода учесник во Илинденското востание како раководител на Охридскиот револуционерен комитет. Чауле бил потписник на Мајскиот манифест во 1924 година, со кој се бара Македонија да биде независна политичка единица во рамките на поширока Балканска федерација. Бил учесник во Балканските војни и Тиквешкото востание, а раководел и со Охридско –Дебарското востание во 1913 година. Петар Чауле е роден во Охрид на 18 декември 1881 година, а убиен е во Милано на 23 декември 1924 година од страна на врховистички платеник.
НЕПРАВИЛНОСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ДЕЛ ОД ДИРЕКТОРИТЕ ВО ОХРИДСКИТЕ УЧИЛИШТА
Во насока на транспарентно и отчетно работење, Секретарот на општина Охрид, Александар Китески на денешната средба со новинарите информира дека дел од директорите во охридските училишта именувани од претходната локална власт иако имаат сериозни претставки во своето работење не сакаат да ги напуштат раководните позиции. – Градоначалникот Кирил Пецаков, ниту замислува партизација на образовните институции ниту тоа му е предизвик. Но, од друга страна не можеме да дозволиме овие значајни институции да ги предводат луѓе за кои имаме сериозни индиции дека во определени случаи сериозно го прекршиле законот. Според начинот на досегашната работа и информациите кои ги поседуваме определени директори добро си ја вршеле својата работа и ќе добијат доверба да ги продолжат своите мандати, некои во рамки на политичката етика веднаш искажаа подготвеност да се повлечат од своите позиции се со цел да овозможат Градоначалникот да го оформи својот тим, а некои пак за жал под силен политички диктат одлучија да се борат неосновано за задржување на своите функции. Целта на оваа прес конференција е да обелодениме дел од состојбите кои се детектирани во овој период – рече секретарот Китески и детално образложи за неправилностите во работењето на директорите од трите основни училишта: „Св. Климент Охридски“, „Христо Узунов“ и „Григор Прличев“. – Во трите основни училишта одговорните лица, односно директорите постапувале несовесно, негрижливо и небрежно при вршењето на службената положба при што нанеле штета на училиштата. Тие презеле дејствија спротивно на Законот за основно образование, согласно член 109, а директорот е одговорен за законитоста и материјално – финансиското работење на училиштето. Во Општинското Основно Училиште „Св. Климент Охридски“ Охрид, лице кое било суспендирано од работа, повело судска постапка за надомест на неисплатени плати, со кое му е досуден износ од 604,786.оо денари, кое побарување со вклучени судски и извршни трошоци достигнува до 1 милион денари. За истото доставило барање за исплата на кое директорот одговорил со барање до Министерството за образование и наука како не би дошло до блокирање на сметката. На таквиот поднесок МОН одговорило дека согласно член 109 од Законот за основно образование, директорот е одговорен за законитоста во работата и материјално – финансиско работење на училиштето. Следно, директорот распоредил работник на друго работно место без оглас, без согласност од надлежните институции и без да го извести Градоначалникот на Општина Охрид, како и училишниот одбор да го извести основачот. Станува збор за преместување на работник од работното место „Наставник по англиски јазик“ на работното место „Библиотекар“. Уште еднаш нагласувам директорката тоа го направила без решение за прераспределување, без согласност од Општина Охрид, Министерството за образование и наука и Министерството за финансии. Работникот на работното место на кое бил прераспределен воопшто не доаѓал на работа повеќе од шест месеци. Со овие против законски дејствија одговорната постапила спротивно на член 82 став 1 од Законот за работни односи согласно кој е предвидено дека „Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок ако работникот неоправдано изостане три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година. Со овие против законски дејствија директорот го оштетил ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид со повеќекратен износ кој надминува 250,000.оо денари. Наредно, одговорната во изминатиот период, обезбедила транспорт на деца кои се ученици во ООУ „Св. Климент Охридски“ , спротивно на Законот за основно образование и правилникот за превоз на ученици. Согласно истите, превозот на ученици се врши со општинскиот линиски превоз или доколку нема воспоставен линиски превоз се врши со објавување на тендер. Во конкретниот случај ни едното нити другото е направено. Исто така, ООУ „Св. Климент Охридски“ склучил договор за ангажирање на 2-ца чувари со Агенцијата за привремени вработувања, за кои вредноста на договорот била исцрпена на 30.06.2021 година, а Директорот не ја известила Агенцијата дека договорот е исцрпен и дозволила двајцата чувари да бидат ангажирани и во месец Јули 2021 година, а притоа немала можност да изврши исплата на средства спрема агенцијата, поради што претстои опасност од поведување на судска постапка за надомест на плата за месец Јули, зголемена со судските трошоци и камати. Одговорното лице во ООУ „Христо Узунов“ издава под закуп простор во склоп на училиштето, без притоа да биде спроведена постапка по објавен оглас и притоа не е известен основачот или Градоначалникот за таквите постапки. Директорката именувала заменик директор кој не ги исполнува условите од Законот за основно образование, поточно именувала лице кое нема соодветно високо образование, со што му овозможила против правно да се стекне со приход и привилегии и со тоа е оштетен буџетот на училиштето. Исти случај како и во ООУ „Св. Климент Охридски“ има и во ООУ „Христо Узунов“ каде е склучен договор за ангажирање на 2-ца чувари со Агенцијата за привремени вработувања, за кои вредноста на договорот била исцрпена на 30.06.2021 година, а Директорката на ООУ „Христо Узунов“ не ја известила Агенцијата дека договорот е исцрпен и дозволила двајцата чувари да бидат ангажирани и во месец Јули 2021 година, а притоа немала можност да изврши исплата на средства спрема агенцијата, поради што претстои опасност од поведување на судска постапка за надомест на плата за месец Јули, зголемена со судските трошоци и камати. Директорката на ООУ „Григор Прличев“ има склучено договори за поставување на два времени објекти – трафики без претходно спроведена транспарентна постапка со објавен јавен оглас, а без договор овозможила врз земјиште на кое право на користење има школото да се стопанисува со спортска сала балон. Наредно директорот ангажирал лице за вршење на сметководствени услуги без распишан оглас и без согласност од Општината, Министерството за образование и наука и Министерството за финансии. Воопшто не е познато согласно каков договор (ако воопшто постои) работи истиот и нејасно е кој дозволил таков вид на услуги и дали истите се предвидени со буџетот. Според последните информации донесена е одлука за избор на сметководител во месец декември 2021, без обезбедени финансиски средства за учебната година 2021/22, туку врз основа на обезбедени финансиски средства од претходната учебна година за вработување на определено време, кога вработувањето не било реализирано.Директорката на ООУ „Григор Прличев“ склучила договор за ангажирање на 3-ца чувари со Агенцијата за привремени вработувања, за кои вредноста на
ПОКАНА ЗА ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ДЕФИНИРАЊЕ ПРИОРИТЕТИ ПРЕД ОБЈАВУВАЊЕ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Општина Охрид е дел од проектот „Регионална програма за локална демократија на Западниот Балкан“ (ReLOaD2). Учеството во проектот е потврдено со потпишување на Меморандум за разбирање со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Распределбата на јавните финансии претставува сериозна задача за секоја јавна администрација или управен орган. Соодветната распределба на јавните финансии ги потврдува добрите намери на институциите за одговорно управување со јавното трошење. Целта на оваа активност е правилна распределба на буџетски средства, особено средства од општинските буџети, со цел да се овозможи покорисно и потранспарентно префрлање на средства до граѓанските организации. Методолошкиот пристап за транспарентна распределба на средства наменети за организациите на граѓанското општество е изработен заради потребата од едноставни алатки кои може првенствено да ги користат општините за распределба на сопствените буџетски ресурси. Овој пристап има за цел да се комбинираат препораките на ЕУ за управување со проектен циклус (УПЦ) и да се обезбедат инструменти за ефикасно трошење на јавните средства. Со цел квалитетна распределба на јавните финансии е изработена ЛОД методологијата која овозможува транспарентна распределба на средствата на граѓанските организации и јакнење на взаемната доверба, а истовремено и максимална искористеност на средствата кои се распределени на граѓанското општество, преку постигнување на развојните цели за општините. Пристап базиран на проект подразбира објавување на јавен и транспарентен повик за сите граѓански организации кои треба да поднесат предлог проекти во дадена област. Проектите потоа се оценуваат од страна на комисија и на крајот се финансираат од општинскиот буџет. Транспарентниот и конкурентен процес за избор на проектите на граѓанските организации придонесува за обезбедување подобри услуги и конкретни резултати за локалното население. Дефинирањето на приоритетите за јавниот повик претставува клучна задача во овој период пред објавување на јавниот повик. Во прилог следуваат предлог приоритети кои заедно со Вас ќе ги дискутираме и дефинираме на средбата: 1. Младински активизам и партиципација 1.1. Активности за спречување на врсничко насилство и реализација на активности за превенција и справување со сите видови на насилство. 1.2. Подигање на капацитетите на младите за вработување и самовработување, за преквалификација или доквалификација. 1.3. Активности кои доведуваат до зголемено учество на младите во процесот на донесување на одлуки кои се од значење за заедницата, како и активности кои се насочени кон поддршка и практицирање на волонтеризмот. 2. Родова еднаквост, економска и социјална инклузија 2.1. Активности за зголемување на вештините и знаењата на жените и ранливите групи во руралните средини со цел подобрување на нивната економска состојба. 2.2. Поддршка на проекти и активности за развој, поттикнување и промоција на земјоделското производство, како и активности и едукација за одгледување на органско производство. 2.3. Реализација на проекти и активности за социјална инклузија на ранливи категории на граѓани особено на лицата со попреченост и деца со потешкотии во развојот со цел подобрување на квалитетот на живот. 3. Туризам, заштита на животна средина и култура 3.1 Поддршка на проектни активности за развој и промоција на туризмот, заштита на животната средина и промоција на културно-историското наследство во општина Охрид. 3.2. Развој на алтернативниот и селскиот туризам како можност за остварување на приходи на граѓаните од ранливите категории, пред се на жените и младите од руралните средини. 3.3. Мерки и активности за зачувување на природното наследство и заштитата на животната средина преку поттикнување на еколошки акции, подигнување на јавната свест и сл. За таа цел со особено задоволство Ве покануваме да присуствувате на Јавната дебата за утврдување на приоритети на јавниот повик, која ќе се оддржи на ден 16 декември 2021 година (четврток) со почеток во 12.30 часот во Големата сала на Советот на Општина Охрид.
БОГАТА МУЗИЧКА ПРОГРАМА ЗА ДОЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА ВО ОХРИД
Општина Охрид подготви богата музичка програма за прослава на Новата 2022 година, на која ќе настапат бројни домашни естрадни уметници. Охриѓани и гостите кои новогодишната ноќ ќе ја поминат на плоштадот „Свети Климент Охридски“ ќе може да уживаат во музичките изведби на „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска, а свој перформанс ќе имаат диџеите „Фејс“ и „Гец“ заедно со Јана Слеј. Според планираното, музичка забава на градскиот плоштад ќе биде организирана и на 1-ви јануари, во периодот од 13 до 15 часот, кога ќе настапат членови на охридскиот музички еснаф во проширен камерен оркестар, кои ќе изведат репертоар од охридски композиции. На сцената на градскиот плоштад во рамки на дневната забава на 2-ри јануари, во периодот од 13-15 часот ќе настапи „Ансамбл Билјана“ со специјална програма „Охрид Охрид убав мил“.
ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ОХРИД
Општина Охрид започна со поставување на новогодишни реквизити и украсување на градот во пресрет на новогодишните и божиќните празници. За украсувањето на централното градско подрачје преку јавен повик ангажирана е фирмата „Металват“. Според планираното, ќе бидат украсени улиците „Македонија“ и „Македонски Просветители“, градскиот кеј и градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“. За украсување на булеварот „Туристичка“ и останатите сообраќајници во градот ќе се користат светлечки реквизити кои се во сопственост на Општина Охрид. Истите ќе бидат поставени од екипите на ЈП „Охридски Комуналец“. Активностите за украсување се очекува да завршат за десетина дена. Се упатува апел до економските оператори кои вршат дотур на производи во чаршијата и на улица „Македонија“ да користат пониски товарни возила, за да не се нанесува штета на поставените новогодишни украси. [vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”18795,18794,18792,18791,18790,18789″ img_size=”300×300″ onclick=”img_link_large” css_animation=”fadeIn”][/vc_column][/vc_row]
ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ АПЕЛИРА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ОБЕЛЕЖАНИТЕ ПАРКИНГ МЕСТА ЗА ПАРКИРАЊЕ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Јавното прептријатие „Билјанини извори“ ја информира јавноста, а особено несовесните граѓани, кои спротивно на правилникот за регулирање на начинот за користење на паркинг место, одобрен од Советот на општина Охрид, ги паркираат своите возила на места обележани за паркирање на лица со попреченост, дека во иднина секој таков прекршок ќе биде пријавуван до надлежните служби.Подолг период вработените на јавните паркинзи им укажуваа на несовесните граѓани, но проблемот продолжува. ЈП „Билјанини извори“ уште еднаш апелира до сите граѓани да го почитуваат правото за користење на паркинг место на лицата со попреченост кој согласно закон треба да се почитува.
НАЗНАЧЕНИ В.Д. ДИРЕКТОРИ НА ОПШТИНСКИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, денес, назначени се нови В.Д. директори на општинските Јавни претпријатија. Во јавното претријатие „Охридски комуналец“ назначен за в.д. директор е Саше Најдески. Магистер е по право од областа на деловното право. Дипломските и постдипломските студии ги завршува на правниот факултет „Јустинијан Први“. Претходно има работено во Основен суд 2 во Скопје и во адвокатска канцеларија, а сега е вработен во Основен Суд Охрид. Во Јавното претријатие „Нискоградба“ назначен за в.д. директор е Александар Трпеноски. Тој има дипломирано на информатички технологии на Техничкиот факултет во Битола, а работи во Министерство за информатичко општество и администрација. Сашо Сотироски е новиот в.д. директор на ЈП „Водовод“. Има завршено на Технички факултет во Битола, сообраќаен смер. Од 1998 година работи во јавното претпријатие „Водовод“ каде извршува повеќе функции. Теодор Андоноски е в.д. директор во ЈП „Билјанини извори“. Андоноски е дипломиран политиколог, а вработен е во јавното препријатие „Билјанини извори“. Во Јавното претпријатие „Градски Гробишта“ за вршител на должноста директор е назначен Мите Здравески. Има дипломирано на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и се стекнал со диплома дипломиран правник. Има 25 години работно искуство во јавните претпријатија „Охридски Комуналец“ , „Погребално“ и „Градски Гробишта. Александар Попоски ќе ја извршува функцијата в.д. директор на ЈП „Градски Пазар“. Има дипломирано на Техничкиот факултет во Битола на сообраќаен смер. Во два мандати е советник во Советот на општина Охрид, а од 2009 година работи во ЈП „Охридски комуналец“.
СВИКAНА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14,14/14, 10/19 и 15/20), Претседавачот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ втората седница на Советот на општина Охрид на ден 19.11.2021 година (петок) со почеток во 11,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д Усвојување на Записникот од првата конститутивна седница Предлог Одлука за верификација на мандат на членови на Советот на општина Охрид. Предлог Решение за формирање Статутарно-правна Комисија. Предлог Решение за формирање Комисија за финансии и буџет. Предлог Решение за формирање Комисија за јавни и комунални дејности. Предлог Решение за формирање Комисија за урбанизам. Предлог Решение за формирање Комисија за општествени дејности. Предлог Решение за формирање Комисија за туризам и локален економски развој. Предлог Решение за формирање Комисија за заштита на животната средина. Предлог Решение за формирање Комисија за млади и спорт. Предлог Решение за формирање Комисија за месна самоуправа. Предлог Решение за формирање Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија. Предлог Решение за формирање Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените. СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД Претседател Сашо Донев
