Category: ВЕСТИ
-
ИНФОРМАЦИЈА ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат…
-
ПРОМЕНА НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПИТУ ГУЛИ“
Денес и во наредните неколку денови, ќе се врши промена на уличното осветлување на дел од улицата “Питу Гули“, од пресекот со улицата „Јане Сандански“ до пресекот со улицата „Марко Нестороски“. Се молат возачите на повнимателно управување со моторните возила заради поголема безбедност на граѓаните.
-
СО БОГАТА ПРОГРАМА И НИЗА АКТИВНОСТИ ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
Со богата програма и низа активности од едукативен, спортски и културен карактер денеска во Охрид беше одбележан Денот на Охридското Езеро. Програмата беше реализирана со цел да се истакне важноста на заштитата на овој природен бисер и да се подигне јавната свест за потребата од негово одржливо користење. Во организација на Регионален зелен центар, на…
-
ЕКИПИТЕ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ИНТЕРВЕНИРАА НА ТЕРЕН ПОРАДИ ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ
Поради обилните врнежи од дожд што попладнево го зафатија Охрид, екипите на јавните претпријатија излегоа на терен и интервенираа на повеќе локации со отворање на шахтите од атмосферската канализација. Овие активности се преземаат за да се обезбеди побрзо одведување на надојдените води и да се спречи задржување на дождовницата на коловозите и тротоарите. Се упатува…
-
ИЗВЕСТУВАЊЕ !
Поради реконструкција на водоводната линија од утре 17. 06 2025г. на улицата „Келноец“ ќе се одвива времен режим на сообраќај. Градежните активности ќе се спроведуваат во близина на ЛТХ Леарница. Се замолуваат жителите од овој дел на градот да ги почитуваат времените мерки на сообраќај, внимателно да се движат и сообраќаат во насока на поголема…
-
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „ДАМЕ ГРУЕВ“
Поради градежни активности за асфалтирање утре, (среда) 11.06.2025 година, согласно времениот режим, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Даме Груев“ на потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со булевар „Туристичка“. Се известуваат жителите кои што живеат во овој дел од градот и сите учесници во сообраќајот да не ја користат оваа улица.…
-
ПРЕКИНАТ ВРЕМЕНИОТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ОЕМУЦ “СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ”
Се информираат граѓаните на Општина Охрид и учесниците во сообраќајот дека од денес се прекинува времениот сообраќаен режим на кружниот тек помеѓу улиците „Железничка“, „15- Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ во близина на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“. Поради тековното изведување на градежните работи за реконструкција на кружниот тек се упатува апел до пешаците и…
-
СВЕЧЕНО ОТВОРЕН „ОХРИД МОЛ“
Со пригодна свеченост која се одржа денеска, започна со работа новиот трговски центар „Охрид Мол“. Пред бројните бизнисмени, гости и граѓани, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков. – Ми претставува особена чест што како охриѓанец и како градоначалник имам можност да бидам дел од овој свечен настан за отворање на првиот современ трговски центар во…
-
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ
Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески присуствуваше на свеченоста со која по традиција во просториите на Територијалната противпожарна единица се одбележа Денот на македонските пожарникари– 20 Мај. Секретарот ја изрази благодарноста до охридските пожарникари за безрезервниот придонес при справување со елементарни непогоди и спасување човечки животи и укажа дека локалната самоуправа работи за постојано осовременување…
-
ОД УТРЕ ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО БЛИЗИНА НА ОЕМУЦ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“
Надлежните служби при Општина Охрид од утре започнуваат со активности за асфалтирање и уредување на пресекот меѓу улиците: „Железничка“, „15- Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ кај кружниот тек во близина на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“. Поради активностите сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови. Возачите и пешаците да го почитуваат времениот режим на сообраќај,…