ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ПРИРЕДИ ИФТАРСКА ВЕЧЕРА ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД МУСЛИМАНСКА ВЕРОИСПОВЕД
По повод рамазанскиот пост и во пресрет големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, вечерва приреди Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед. Во своето обраќање пред бројните гости, градоначалникот Пецаков ја истакна важноста на меѓусебното почитување и одржување на верските традиции. -Искрено се радувам што организирањето на оваа Ифтарска вечера стана дел од нашата традиција со која продолжуваме да ги негуваме заедништвото, взаемното почитување и хуманоста. Светиот месец Рамазан претставува време за радост, обновување на верските вредности и носи многу драгоцени мигови со најблиските. Преку заедничката трпеза луѓето изразуваат сплотеност и шират пораки за мир и божји благослов. Празничните моменти не учат да простуваме и да правиме добри дела. Посакувам овој рамазански месец да даде сила и верба да го подигнеме на повисоко ниво нашето мултиетничко живеење и да изградиме поубава иднина за Охрид и Македонија. Со најискрени желби за здравје и благосостојба ви посакувам лесен пост и многу убавини во вашите семејства. Со вербата во Бога ви посакувам да имате добра мисла и пријатно расположение пред големиот празник Рамазан Бајрам. Да си го дочекате овој значаен ден со радост во срцата и спокој во душите. Верувам дека и во иднина ќе продолжиме вака заеднички да ги чествуваме сите големи верски празници и да оставаме спомени вредни за паметење, истакна Пецаков во своето обраќање. Ифтарската вечера во покровителство на градоначалникот на Општина Охрид се организира со цел да се одржуваат меѓурелигиските врски во заедницата. Рамазанскиот пост завршува наредната седмица, а муслиманските верници ќе го прослават големиот празник Рамазан Бајрам во среда на 10-ти април 2023 година.
ОХРИД ДОМАЌИН НА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА – ОХРИД 2024
Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски присуствуваше на отворањето на Студентската конференција – Охрид 2024 што ја организира Универзитетското студентско собрание при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а со поддршка на Општина Охрид. Во своето поздравно обраќање пред присутните, Божиноски истакна: – Огромно е задоволството да се биде домаќин на дводневната студентска конференција на кој што главната улога ја имаат студентите, движечката сила на општеството. Овој интердисциплинарен настан е наменет за вмрежување на учесниците, откривање на нови можности, соработка и знаења. Конференцијата е потсетување дека професорите, семејството, креаторите на политики на национално и локално ниво треба да го направат максимумот за да овозможат оваа младешка енергија да се канализира, да се насочува и да се искористи на најдобар можен начин, за општо добро на студентите, на локалната средина, меѓутоа и централната, и во крајна инстанца, за доброто на земјата воопшто. Од фокусот на вниманието никогаш не смее да исчезнат студентските барања секако доколку се за општ развој и добро на сите нас. Вие драги студентите сте главните креатори и чинители на општествените промени. Ако вие верувате дека можете да ја направите промената што ќе ја посакате тоа и ќе се случи. Од секогаш Вие сте биле најважната алка во општсеството кое останува на вас. Секој студентски протест, митинг, движење оставал белег и се вмрежувал во општествениот систем. За растот на секоја држава е неопходно луѓето да бидат заинтересирани, да бидат информирани и да бидат активни во врска со општествените прашања. Студентите се особено важна група која може да биде клучен катализатор на општествени промени. Затоа и настани од ваков тип секогаш ќе бидат поддржувани од наша страна. Ви посакувам успешен работен дел на вашиот дводневен собир. Донесете заклучоци кои ќе обезбедат долгорочен напредок на студентската заедница и општеството воопшто. Слободното време искористете го за да прошетка низ убавините на нашиот Охрид. Нурнете во неговото минато, прошетајте низ царска Македонија посетувајќи ги Самуиловите тврдини, па потоа слезете на Античкиот театар или вратете се во уште подамнешно време посетувајќи ја наколната населба кај Градиште. Секако посетете барем дел од бројните цркви и манастири кои ги има речиси на секој агол во старото градско јадро. Дишете чист воздух крај езерскиот брег, а во вечерните часови посетете некој од бројните локали долж ривиерава- рече заменик градоначалникот Божиноски. Конференцијата завршува утре.
ОХРИД ДОМАЌИН НА ДРЖАВНОТО ТАЕКВОНДО ИТФ ПРВЕНСТВО
Околу 80 натпреварувачи од Македонија зедоа учество на Државното Таеквондо ИТФ првенство кое во организација на охридскиот таеквондо клуб „МАСТЕР“ се одржа денеска во Охрид. На овој спортски настан во името на Општина Охрид се обрати советникот Горан Маркоски. –Ми претставува голема чест и задоволство да бидам дел од ова државно Таеквондо првенство и да ве поздравам во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Нашиот град може да се пофали со многу истакнати имиња кои имаат остварено врвни резултати во оваа боречка дисциплина. Особено сме горди на младите генерации на талентирани таеквондисти од кои очекуваме уште поголеми успеси и освоени награди. Таеквондото не е само спорт, туку и начин на живот. Тој бара од спортистите голема дисциплина, издржливост и внатрешна сила. Уверен сум дека позади натпреварувачите стојат долги часови посветен тренинг и затоа учекувам секоја денешна борба да биде исполнета со енергија, стратегија и секако искрени емоции. Упатувам честитки и благодарност до организаторите на овој голем натпревар, Таеквон-до клубот „Мастер“, со надеж дека Охрид и во иднина ќе биде домаќин на вакви спортки случувања. Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да ги поддржува спортските настани и да дава поддршка на спортските клубови. Ви посакувам успешни натпревари и одлични резултати, а до сите гости упатувам покана да го искористат својот престој во Охрид, за уживање во природните и културните убавини на нашиот скапоцен туристички бисер, истакна Маркоски. Државното Таеквондо ИТФ првенство се организира под покровителство на Општина Охрид и Македонската Традиционална Таеквондо Федерација.
НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦА „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“
Oд утре 15.03.2024 година (петок) стапува на сила нов режим на сообраќај на улица „Македонски Просветители“ со кој истата станува еднонасочна на потегот од крстосницата со улица „Димитар Влахов“ до крстосницата со улица „Партизанска“. Се молат учесниците во сообраќајот да се придржуваат на новопоставената сooбраќајна сигнализација.
МУЗИЧКИ РЕЦИТАЛ И ИЗЛОЖБА ЗА 8 –МИ МАРТ
По повод 8 март- Меѓународниот ден на жената, Општина Охрид на 07.03 2024 г. ( четврток) во концертната сала на Општинското основно музичко училиште ,,МетодиПатчев” со почеток во 19.00 часот, организира музички рецитал на Билјана Буџакоска во пијано придружба на Ивона Базглаоска . Пред рециталот ќе биде отворена изложбата “Жени во фокусот “ во чии рамки ќе бидат изложени 12 фотографи сликани од објективот на Нина Ангелоска. Фотографиите се всушност 12 приказни на жени охриѓанки кои со својата работа се синоним за се она што значи ЖЕНА. Секоја, посебна, инспиративна и секоја на свој начин преставува пример дека постои само сакам и не сакам , а нема не можам. Најчестиот начин на кој луѓето се откажуваат од својата моќ е со размислување дека не можат“ – Алис Вокер. Реализацијата на овие два настани е во соработка со Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените.
РЕШЕНИЕ ЗА СТИПЕНДИИ НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ И ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид (Сл. Гласник 8/07 и 1/08) и Одлуката за спроведување на мерки за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија а се однесуваат на лица со ретки болески и посебни потреби во општина Охрид за учебната 2023/2024 год., градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков го донесе следното: [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]РЕШЕНИЕ ЗА СТИПЕНДИИ НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ И ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ[/vc_message][/vc_column][/vc_row] Потпишувањето на договорите ќе се одвива од 04 – 08 Март 2024 во малата сала на Општина Охрид.
ДОНЕСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ
Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 11, 12 и 306 став 2 од Законот за социјална заштита (,,Сл.весник на РМ” бр.79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/18), програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2024 година како и Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08 – 18774/51 од 27.12.2023 година (,,Службен гласник на општина Охрид број 14/23 од 28.12.2023 година), Градоначалникот на општина Охрид, го донесе следното: [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОТПАД[/vc_message][vc_message message_box_color=”orange”]РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА ГРОБНА ТАКСА-ГРОБАРИНА[/vc_message][vc_message message_box_color=”orange”]РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА ОДВЕДУВАЊЕ ОТПАДНИ И АТМОСФЕРСКИ ВОДИ[/vc_message][vc_message message_box_color=”orange”]РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА ПОТРОШЕНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ [/vc_message][vc_message message_box_color=”pink”]ОДБИЕНИ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ[/vc_message][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text] ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
ВО ОПШТИНА ОХРИД ФУНКЦИОНИРА КОМИСИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ
Комисијата за унапредување на правата на пациентите е формирана за да се овозможи заштита на правата на пациентот со што би се обезбедила квалитетна и континуирана здравствена заштита во согласност со тековните достигнувања во здравството и медицината, во рамките на системот на здравствена заштита и здравствено осигурување, соодветна на поединечните потреби на пациентот, со отсуство на каква било психичка и физичка злоупотреба, со целосно почитување на достоинството на неговата личност и во негов најдобар интерес. Комисијата ги разгледува барањата поднесени од страна на пациентите чии права се повредени а се однесуваат на здравствената заштита, односно заштита на правата на пациентите утврдени во Законот за заштита на правата на пациентите Барањата се поднесуваат во соодветен формулар пополнет лично од пациентот чие право е повредно или од член на потесното семејство на пациенот чие право е повредно, а се доставуваат преку Архивата на општина Охрид Поднесените барања се разгледуваат од страна на Комисијата и се проследуваат до соодветни надлежни органи и институции, а врз основа на Законот за заштита на правата на пациентите, а и инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон врши Државниот санитарен здравствен инспекторат согласно закон. Граѓаните кои имаат потреба може да се обратат на телефоните (046) 262492 / (046) 262493 / локал 198 или на електронската адреса pravanapacienti@ohrid.gov.mk. Формуларот „Барање“ е достапен на следниот линк: [vc_row][vc_column][vc_btn title=”КОМИСИЈА ЗА ПРАВА НА ПАЦИЕНТИ” color=”orange” align=”center” button_block=”true” link=”url:https%3A%2F%2Fohrid.gov.mk%2F%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bc%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25b0%25d1%2586%25d0%25b8%25d0%25b5%25d0%25bd%25d1%2582%25d0%25b8%2F|title:%D0%9A%D0%9E%D0%9C%D0%98%D0%A1%D0%98%D0%88%D0%90%20%D0%97%D0%90%20%D0%9F%D0%A0%D0%90%D0%92%D0%90%20%D0%9D%D0%90%20%D0%9F%D0%90%D0%A6%D0%98%D0%95%D0%9D%D0%A2%D0%98″][/vc_column][/vc_row]
ТРАДИЦИОНАЛЕН ВАСИЛИЧАРСКИ ПОЈАДОК ВО ОПШТИНА ОХРИД
Секретарот Александар Китески, Елена Јанковска – Цветаноска и Никола Прангоски се најсреќните меѓу вработените во Локалната самоуправа. Тие денес ја пронајдоа паричката што по повод големиот христијански празник Православна Нова година – Василица по традиција на заеднички појадок се бара во Општина Охрид. Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Даниела Ристова, Васко Маркоски и Даме Балоски. Новите кумови посакаа во Новата Година да имаат добро здравје со желба за успех во работата и напредок на Општина Охрид.
ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ ВО ОХРИД
Најмасовната културно-верска манифестација посветена на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и оваа година ќе биде организирана на највисоко ниво, како што му доликува на еден духовен и туристички центар. Ова беше истакнато на денешниот состанок на организациониот одбор за подготовка на овој традиционален настан, кој е радост и доживување за илјадници верници на охридското пристаниште. Во согласност со востановената традиција, Богојавленските чествуавања ќе бидат составени од два дела. Првиот дел е црковниот дел, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот дел е граѓански, што го координира Општина Охрид и се однесува на целокупната празнична програма. На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро, а точно во 10 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Во сите парохиски цркви во Охрид веќе е започнато пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од настанот. До сега покрај бројните охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Македонија. По чинот на Богојавленскиот водосвет, околу пладне на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Некст Тајм“. Истиот ден во 12 часот на месноста Сараиште ќе биде организирано групно крштевање во Охридското Езеро, а сите заинтересирани ќе може да се пријават во црквата „Свети Никола Геракомија“. Во Центарот за култура „Григор Прличев“, во организација на Црвен Крст од 9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција. Како дел од подготвителните активности и логистиката на настанот во четврток на 18-ти јануари охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро, на просторот каде ќе се одржува фрлањето на Светиот крст. Исто така, предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот со зеленило и верски знамиња, како и низа значајни активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите. Прославата за Водици во Охрид, продолжуваат на 20-ти јануари со уникатната манифесатција Денот на рибарите во чест на празникот Свети Јован Крстител. Традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и истата ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. Оваа година ќе биде послужена и храна која е карактеристична за трпезите на овој празник. На денешниот координативен состанок на организациониот одбор, присуствуваше градоначалникот, Кирил Пецаков, Координаторот на манифестацијата, Митко Топенчаров, претставници од Дебарско кичевската епархија, претставници од СВР Охрид, охридските јавни претпријатија, Територијалната противпожарна единица, од нуркачките клубови „Амфора“ и „Охрид“, од Капетанијата на пристаништата, од Црвен Крст, од охридските здравствени установи, претставници на туристичкиот сектор и други лица кои се вклучени во организацијата.
