Ohrid.gov.mk

ТРАНСПАРЕНТНА РАСПРЕДЕЛБА НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ДО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР

Правилна распределба на буџетските средства, особено  од општинскиот  буџет, со цел да се овозможи покорисно и потранспарентно префрлање на средства до граѓанските организации беше тема на разговор на работната средба на која присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков, Билјана Георгиеска од УНДП и  претставници од надлежните служби на Општина Охрид. Заеднички беше заклучено дека проектот  “Регионална програма за локална демократија на Западниот Балкан“ (ReLOaD2) на  УНДП кој почнува да го применува Општина Охрид е повеќе од неопходен затоа што соодветната распределба на јавните финансии ги потврдува добрите намери на институциите за одговорно управување со јавното трошење. Градоначалникот Пецаков беше информиран дека изработената ЛОД методологијата овозможува транспарентна распределба на средствата на граѓанските организации и јакнење на взаемната доверба, а истовремено и максимална искористеност на средствата кои се распределени на граѓанското општество, преку постигнување на развојните цели за општините. На средбата стана збор и за јавниот и транспарентен повик за сите граѓански организации кои треба да поднесат предлог проекти во дадена област. Проектите потоа се оценуваат од страна на комисија и на крајот се финансираат од општинскиот буџет. Транспарентниот и конкурентен процес за избор на проектите на граѓанските организации придонесува за обезбедување подобри услуги и конкретни резултати за локалното население. По средбата со градоначалникот Пецаков во големата сала на Општина Охрид се одржа јавна дебата на која претставници од локалната власт и УНДП заедно со претставници од граѓанските организации  дискутираа за предлог приоритетните области во кои вреди да се финансираат буџетски средства и тоа: Младински активизам и партиципација; Родова еднаквост, економска и социјална инклузија и  туризам, заштита на животната средина и култура. Методолошкиот пристап за транспарентна распределба на средствата има за цел да се комбинираат препораките на ЕУ за управување со проектен циклус (УПЦ) и да се обезбедат инструменти за ефикасно трошење на јавните средства.                

ЗАВРШНА ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА ВО СЛУЧАЈ НА ПРИРОДНА НЕПОГОДА

Симулациска вежба за евакуација, според соодветно сценарио, денес, се реализира во основното училиште „Христо Узунов“.  Показни вежби и симулации на евакуација во случај на природна непогода претходно се спроведоа во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца. На завршната вежба присуствуваше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Предвидено е  по завршувањето да се изработи извештај со заклучоци од сите претходно реализирани симулации кој ќе биде доставен до Локалната Самоуправа. Симулациските вежби беа во организација на отсекот за превенција при СВР Охрид  во координација со ТППЕ Охрид и Планинарско –Спасителска Единица при Црвен Крст Охрид.          

ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ „ЗАШТИТА НА НАШИОТ БИСЕР, ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, присуствуваше на презентацијата на проектот „Заштита на нашиот бисер, Охридското Езеро“. Проектот е финансиран во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество  „ЦИВИКА – мобилитас“, а имплементатор е Граѓанската организација „КАБ“ – Струга. Проектот има за цел на заедничка маса да ги седне сите засегнати страни во заштитата на Охридското Езеро, подобрување на комуникацијата и координациајта помеѓу Локалните самоуправи, централните институции и граѓанското општество. Градоначалникот Пецаков во своето излагање истакна дека Општина Охрид е подготвена за воспоставување на добра комуникација со сите засегнати страни.  Дополнително, Пецаков ги презентираше мерките кои Општина Охрид ги презема во заштитата на Охридското Езеро. Меѓу нив се: поставувањето на решетки на сливовите на реките и каналите во езерото, чија намена е физички запирање на пластиката да влегува во езерото, учеството во сите работни групи и проекти кои се однесуваат на оваа тема.  Активно учество во изработката на нацрт – планот за управување со Охридското Езеро, планот за „Студенчишко блато“, за езерското крајбрежје и планот за враќањето на реката „Сатеска“ во старото корито. Покрај градоначалникот Пецаков, на промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко и претставник на Општина Дебрца.            

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ГО ПОСЕТИ ЦЕНТАРОТ ЗА ТРЕТМАН НА ДЕЦА СО АУТИЗАМ

Во посета на Центарот за третман на деца со аутизам кој функционира во просториите на Општа болница Охрид, беше градоначалникот Кирил Пецаков. Од страна на вработените беше запознаен со начинот на фукционирање и работење на Центарот, но и за нивните потреби. Локална самоуправа се обврза да изнајде начин за субвенционирање кој ќе биде финасиско олеснување на родителите чии деца го посетуваат Центарот. Дополнително она што било обврска на Општина Охрид за изградба на нови пристапни скали, а не се реализирано до сега, во најкус рок ќе се пристапи кон реализација. Носител на проектот за отворање на овој центар е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам „ВО МОЈОТ СВЕТ“ [vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”19028,19027,19025,19024,19023,19022″ img_size=”350×350″ onclick=”img_link_large”][/vc_column][/vc_row]          

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГИЗ

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Марк Барет и Јован Гавриловски од Германската организација за меѓународен развој (ГИЗ). На состанокот се разгледуваа можностите за меѓусебна соработка и реализација на проекти. Средбата се оствари во контекст на новиот проект “OHRID GО”, кој го имплементира општина Охрид, а е финансиран од програмата “EU for municipalities”. Една од активностите на проектот е формирање на Старт ап центар. Се разговараше за можноста за соработка при функионирањето на овој центар како и можностите за негово проширување во Акцелератор. Дополнително беше разговарано за воведување на нови форми на поддршка преку обуки, менторства и директна помош на новоформираните стартапи, како и грантови за приватни компании. На средбата градоначалникот Пецаков  беше информиран  и за Проектот „ЕУ за економски раст (EU4G)“ кој има за цел зголемување на локалната економска активност и конкурентност во 4 целни области: Североисточен, Полошки и Југозападен плански регион и област Преспа (Општина Ресен) преку подобрување на пристапот до финансирање и напредни бизнис услуги со додадена вредност за старт -апи и ММСП. ГИЗ поддржува проекти кои се насочени кон поттикнување на регионалната соработка и интеграција во регионот на Западен Балкан.      

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОХРИД СОС

Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со претставници на „Охрид СОС“. Целта на средбата беше во насока на воспоставување подобра комуникација која ќе резултира со идеи и проекти кои ќе бидат во интерес на градот. На средбата градоначалникот ги информираше за тековните проекти што се реализираат, како и за идните проекти и за активностите кои се преземаат за заштита на животната средина во текот на нивната реализација. Дискутирани беа повеќе идеи и предлози кои претставниците на „Охрид СОС“ ги презентираа. Заеднички беше констатирано дека ваквите средби треба да станат пракса, додека потребата за воспоставување на конструктивен дијалог е во интерес на граѓаните.          

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ЈА ПОСЕТИ ПЛАНИНСКАТА СПАСИТЕЛНА СЛУЖБА

Градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на Претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески оствари посета на Планинската спасителна служба. Градоначалникот Пецаков се запозна со целокупната опрема и стручниот кадар со кои располага службата за спасување. На средбата со членовите на службата беше разговарано за тековните проекти како и за подготвеноста за делување на непристапен планински терен. Заеднички беше заклучено дека Службата за спасување на планина е од исклучително значење за подигнување на нивото на безбедност на планинарите во Охридскиот регион. Исто така, беше разговарано и за можностите за поддршка на службата како и за соработка во насока на промоција на Охрид како безбедна дестинација за развој на планинарски туризам и промоција на планинарските спортови. Во моментов, во Планинската спасителна служба волонтираат петнаесетина спасители обучени да делуваат на комплексен технички терен, како и повеќе од 30 волонтери, искусни планинари, обучени за логистика, пребарување и спасување на нетехнички планински терен.   [vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”18923,18929,18927,18928,18926,18925,18921,18930,18924,18931″ img_size=”300×300″ onclick=”img_link_large”][/vc_column][/vc_row]          

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ВО ЧЕСТ НА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ПАТРОН НА ГРАДОТ ОХРИД“

Централното случување во чест на „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“ беше свечената академија што вечерва се одржа  во големата сала при Општина Охрид. Пред присутните  пригодно обраќање имаше охридскиот градоначалник , Кирил Пецаков.   – Охрид, Македонија и Македонската Православна Црква  денес  празнуваат  го чествуваат  името и делото на заштитникот свој,  Св. Климент Охридски, светител, просветител, етичар и  прв македонски епископ. Огромна е честа, но уште поголема е одговорноста да се најдат соодветни  изрази кои ќе бидат на нивото   што го заслужил   нашиот духовен татко,  Свети Климент Охридски. По многу минати столетија не избледнува  сликата за Климент во нашата меморија.  Тој претставува еден од најмаркантните ученици на  браќата Кирил и  Методиј,  чија просветителска мисија ги изведе Македонците и  останатите  словенски народи на културно- цивилизациската сцена на Европа. Цели два века пред Болоњскиот,   Климент го основал првиот Словенски универзитет во  нашиов Охрид кој станува  жариште на словенската култура и писменост. Давајќи ни ја светлината на писменоста  го зацврсти нашиот идентитет  и алките на нашиот духовен континуитет. Со тоа Климент  одамна покажал дека  сме уникатни, свои и  непоколебливи како народ и дека тоа никој не може и не смее  да го  оспори . „Зошто умот кој еднаш ќе биде просветлен повеќе никогаш не може да е мрачен “. За еден народ да биде  народ и да може да постои во вистинска смисла на зборот, мора да знае кој е и  што е,  а ќе знае само доколку е писмен. Низ нашата историја имаме настани кои сведочат за маките и столбовите на нашиот народ,  кој е како Пиреј никнува од секаде и не се уништува  зошто има длабоки духовни  и културни корени посадени од дамнина.  Зошто „Дебелото дрво се развило  од млада фиданка, деветоспратна зграда почнала од редење на цигли. Патувањето од илјада километри почнува со првиот чекор.“  Свети Климент Охридски е меѓу ретките личности од цивилизациско и милениумско значење. Климент му припаѓа еднакво на сите словенски народи и пошироко, на целата европска цивилизација, но пред се е наш,  зошто корените му се македонски,  зошто од Охрид направил јадро на писменоста и културата.  Затоа долгот што го имаме кон неговото дело е и долг кон нашето минато и историја . И денес по толку одминато време се уште се крепиме од духовната и интелектуалната храна која ни ја оставил нашиот учител. За свети Климент, многу одамна реле:   „Му омилел законот на Господа и во законот Негов дење и ноќе се поучува, тој е како дрво посадено крај извор со вода, кое својот плод го дава навреме и чиј лист не венее и во се што прави напредува.“  Имајќи го предвид сето ова,  гледаме за каква личност станува збор, личност која е образ на светлината, која е како светилник запален и   нас словенските народи не осветлува. Како да се изразиме за  него,  а да не погрешиме, тоа да биде достојно и со голем пиетет, зашто за него, плеада личности зборувале и пишувале, за него сè е речено и сè е напишано, а сепак, сите се разликуваат по својата форма и стил. Неговата возвишена  личност   засекогаш останува   творечка инспирација за поетите, музичарите,  сликарите, копаничарите… Тој е отворена тема и мотив, секогаш длабоко инспиративен и благороден за творечка креација,  затоа што пред неговата светлина  се покажува нашето неуништливо постоење.  Климент ни поставил  задача на сите нас „Да се надминуваме еден со друг со добрина.  Да бегаме од злото зошто оној што зло прави е грд,  а добриот е личен и   уште од денес да се помачиме за добри дела“.Ајде сите сложно да  создаваме проекти за доброто на Охрид и охриѓани. Секоја добра идеја, позитивна мисла, убав збор се добредојдени и прифатливи, зошто Охрид е заеднички дом  и подеднакво ни припаѓа на сите нас.  Заедно да го доградуваме и разубавуваме зошто само така ќе имаме заеднички напредок и просперитет.  Зошто верувајте,  „Секогаш треба да бегаме од работи кои го уништуваат човечкиот род,  а тоа се:   Политика без принципи, напредок без сочувство, богатство без работа, учење без тишина, религија без бестрашност и обожавање без свесност“-рече градоначалникот Пецаков. На свеченоста  беа доделени највисоките општински признанија,  наградата Свети Климент Охридски – Патрон на градот Охрид на академик проф. д-р Љупчо Коцарев и повелбите постхумно на Мишко Јузмески, на Гордана Лолеска и на здружението ЕКО ФАП. Вечерашната свеченост заврши со културно – уметничка програма. [vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”18844,18842,18838,18846,18845,18841,18839,18849,18836,18837,18835,18848,18847,18843″ img_size=”300×300″][/vc_column][/vc_row]            

ФОТО ИЗЛОЖБА И МУЗИЧКИ КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Во чест на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, вечерва, во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена  традиционалната 23-та изложба на Фото клуб – Охрид. На изложбата се презентирани околу 50 фотографии со најразлична тематика и мотиви, кои се дело на 12 автори. Покрај многубројните љубители на уметничката фотографија, изложбата ја разгледа и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Тој упати честитки до организаторите на изложбата со надеж дека истата ќе продолжи да се одржува и во иднина. [vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”18808,18809,18810,18811,18812,18813,18814,18815,18817,18818,18819,18820″ img_size=”300X300″][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]Во рамки на чествувањата посветени на Свети Климент Охридски, младите теленти од ОУ „Методи Патче“ вечерва приредија прекрасен празничен концерт. На традиционалниот музички настан, кој се одржа во просториите на училиштето присуствуваше секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”18828,18827,18826,18825,18824,18823,18822,18821″ img_size=”300X300″][/vc_column][/vc_row]          

ВРЕДНА ДОНАЦИЈА НА ЈАПОНСКАТА АМБАСАДА ЗА ОХРИДСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА

Денеска во Општина Охрид беше потпишан договор за имплементација на проект од Грант програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP), преку кој Амбасадата на Јапонија доделува вредна донација на охридската Општа Болница. Вредноста на проектот е 60.000 евра, а средствата ќе бидат наменети за набавка на нов подвижен рентген апарат, со кој значително ќе се подобрат условите во хирушкиот блок и ќе се подигне квалитетот на здравствените услуги за пациентите во Охрид. Договорот за грант го потпишаа Амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори и директорот на Општа Болница, д-р Горан Балески во присуство на грaдоначалникот Кирил Пецаков.   -Во мое лично име и во името на граѓаните на Општина Охрид, сакам да искажам искрена благодарност до Амбасадата на Јапонија и јапонскиот народ за овој огромен гест на великодушност и солидарност. Вредната медицинска донација е уште еден важен пример за нашето долгогодишно пријателство и меѓусебна соработка. Оваа можност сакам да ја искористам и да искажам јавна благодарност за целокупната досегашна помош од страна на амбасадата на Јапонија и сите успешно реализирани проекти во Општина Охрид. Искрено се надевам дека и во иднина ќе воспоставиме низа нови партнерства за институционален развој и градење капацитети во повеќе општествени сегменти, истакна во своето обраќање градоначалникот Пецаков. Тој потенцираше дека Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да дава поддршка и да биде вклучена во реализација на важни проекти, со кои се обезбедуваат подобри здравствени услови во Охрид. Во рамки на својата посета на Охрид, Амбасадорот Савада Хиронори оствари и протоколарна средба со градоначалникот Кирил Пецаков на која беше разговарано за можностите за идна соработка, за економскиот развој на општината и можностите за поголема туристичка промоција на културното и природното наследство на Охридскиот регион.