ОБРАЗЕЦ ЗА НАРАТИВЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС
Се известуваат добитниците на проекти по однос на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2021 година, дека во прилог е прикачен задолжителниот образец за наративен и финансиски извештај кој единствено треба да се користи при отчет за реализацијата на проектините активности. [vc_row][vc_column][vc_message]НАРАТИВЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ 2021[/vc_message][/vc_column][/vc_row] ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОБИТНИЦИТЕ НА ПРОЕКТИ ПО ЈАВЕН ПОВИК
ЧЕК ЛИСТА НА ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ ПРАШАЊА
Министерството за труд и социјална политика заедно со Министерството за здравство поддржано од Светска Банка го реализираат Проектот за справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 и подготовеноста на здравствените системи. Во фазата на поставување на Ковид мобилните центри, интересот на јавноста е важен за институциите и за Светска Банка, за таа цел документот од јавен интерес Чек-листа за проверка на Планот за управување со животната средина и социјални прашања го поставуваме на општинската веб-страна. Коментарите и забелешките од пошироката јавност можат да се испратат на следниот е-маил: ivana.kjurkchieva@mtsp.gov.mk [vc_row][vc_column][vc_message]ENVIRONMENTAL AND SOCIAL MANAGEMENT PLAN (ESMP) CHECKLIST [/vc_message][/vc_column][/vc_row]
ПОСТАВЕН НОВОГОДИШНИОТ БАЗАР
Куќарки со автентичен изглед, изработени од соодветен дрвен материјал поставени се на Градскиот плоштад во рамки на Новогодишниот базар. [vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”14565,14564,14563,14562,14561,14560,14559,14558,14557,14556,14555,14554,14553,14551,14550,14549,14548″][/vc_column][/vc_row]
ЗАПОЧНАА АКТИВНОСТИ ЗА САНАЦИЈА И РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ЧИНАРОТ
Денеска започнаа предвидените работни активности за санација и ревитализација на единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоцирано во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“. Активностите се дел од овогодинешната Програма за заштита на животната средина и природата и се финансирани од буџетот на Општина Охрид. Санацијата и ревитализацијата на стеблото се очекува да заврши за околу десетина дена и истата ќе се одвива под надзор на стручни лица од Шумарскиот факултет од Скопје. Единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) кое е од големо природно, културно и историско значење за Охрид извесен период се наоѓаше во многу лоша состојба и беше неопходно е да се преземат соодветни мерки за санација и ревитализација, со цел да се обнови и да му се продолжи животниот век. Минатата година од страна на Министертвото за животна средина и просторно планирање беше донесено Решение за прогласување на „Чинар-Охрид“ за природна реткост.
ОПШТИНА ОХРИД СТАНА ПОПРИСТАПНА ЗА ГРАЃАНИТЕ
Од денес општина Охрид е подостапна за сите благодарение на вклученоста на граѓаните преку Форумите во заедницата организирани во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а спроведуван од УНДП во соработка со Општина Охрид. Денеска, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер и постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан беа во посета на општинa Охрид за да ги видат резултатите од овој проект и воедно одржаа средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателката на советот, Живка Ангелоска. На средбата беше дискутирана соработката меѓу Владата на Швајцарија, УНДП и oпштина Охрид во унапредување на процесот на децентрализација и зајакнување на капацитетите на општината за отчетно и транспарентно работење, како и за понатамошните можности за вклучување на граѓаните во одлучувачките процеси врзани со локалниот развој. – Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија со вкупен буџет од 50 000 швајцарски франци. Со реализација на проектот се реконструираа влезните скали кои водат до големата општинска сала. Се постави хидраулична лифт платформа за лица со телесен инвалидитет и целосно се реновира и опреми големата општинска сала. Со тоа се овозможи полесен пристап за подобри општински услуги. Салата исто така внатрешно се уреди со ново осветлување, озвучување и мебел. Со тоа се обезбедија посоодветни услови за работа на општинските советници, но и за сите граѓани и здруженија што ја користат салата за различни потреби. – изјави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Во текот на 2018 година, граѓаните на Општина Орхид преку четири форумски сесии одлучија да и дадат приоритет на иницијативата „Полесен пристап за подобри општински услуги и граѓанска вклученост“ чија цел е подобрување на пристапноста на општинската зграда. – Проектот беше избран од страна на повеќе работни групи, во кои имаше претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор. Главната тема на Форумот беше социјалната инклузија, а целта на форумските сесии беше да се предложат и утврдат приоритетни проекти кои може да придонесат во оваа општествена област. Граѓаните сами ги предлагаа и ги рангираа проектите. Овој проект е многу значаен, бидејќи за прв пат во Општина Охрид беше организиран Форум на заедници, додаде претседателката на советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска. Со вкупно 3,5 милиони франци, Швајцарската агенција за развој и соработка го поддржува зајакнувањето на општинските совети во 24 општини низ земјата како тела кои се клучни за развојот на партиципативната демократија и транспарентното и отчетно работење на општините. – Проектот за зајакнување на општинските совети овозможува наша постојана вклученост во децентрализацијата на власта преку поддржување на општинските совети и нивното подобрување во однос на надзорните, легислативните и претставничките улоги. Како резултат на овој проект, граѓаните ќе добијат полесен пристап до информации, додека општинските претставници подобро ќе ги разбираат потребите на јавноста. – објасни Сибил Сутер, амбасадорката на Швајцарија, за време на нејзината посета на Охрид. Проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети“ го спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП), во согласност со глобалните Цели за одржлив развој поставени од Обединетите нации и приоритетите на Програмата во земјата, меѓу кои е и зајакнувањето на локалниот развој и самоуправа. – УНДП активно гo поддржува подобрувањето на владеењето во Северна Македонија бидејќи распространетите ефекти од доброто владеење позитивно влијаат на економјата, животната средина и општеството како целина. Доколку власта и граѓаните останат посветени кон взаемна соработка, за каква што покажаа дека се способни преку овие општински форуми, верувам дека државата ќе излезе од кризата предизвикана од пандемијата во многу подобра состојба од претходно.- додаде Нарине Сахакјан, постојаната претставничка на УНДП. Проектот се спроведува во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, ЗЕЛС, Здружението на финансиски работници и Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women). Преку проектот досега беа спроведени низа активности за зајакнување на капацитетите на советниците и нивно вмрежување, подобрување на транспарентноста и отчетноста на општините преку примена на иновативни алатки, и зголемување на граѓанското учество во донесувањето одлуки на локално ниво. Почнувајќи од 2018 година одржани се вкупно 108 форумски сесии во рамки на 24 форумски процеси низ целата земја, на кои учествуваа над 6.900 граѓани, жители од избраните општини. Досега, целосно реализирани се приоритетни иницијативи во девет општини, а во тек е реализацијата на иницијативи избрани преку Форумите во заедниците во уште 15 општини кои се дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“.
ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“ КАКО ДЕЛ ОД „ПРОЕКТОТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА“
Реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ е главниот инфраструктурен проект кој Општина Охрид ќе го реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта” имплементиран од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка. [vc_row][vc_column][vc_column_text]Според проектната документација, новото сообраќајно решение предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Возните ленти и такси паркингот ќе бидат изведени од гранитни камени коцки со димензии 10/10/10см, орабени со камени гранитни рабници. Тротоарите ќе бидат изведени од гранитни камени плочи со димензии 33/33/3см, а на велосипедската лента ќе бидат поставени гранитни камени коцки со димензии 5/5/8см. Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед, од двете страни. Повеќе детали за проектот може да се рагледаат во рамки на приложената документација. [/vc_column_text][vc_message]ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“[/vc_message][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]Согласно планираните тендерски процедури и потребниот временски период за подготовка на документацијата, реконструкцијата на улицата се очекува да започне во текот на пролетните месеци од 2021 година. Со одлуката за алоцирање на средства во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта” на Општина Охрид и се одобрени и ќе и бидат доделни вкупно 1.073.218 евра. Според пропишаните услови, средствата треба да бидат наменети за градежни работи, надзор и проектирање во делот на подобрување на локалната патна инфраструктура со која ќе се овозможат подобри услови за граѓаните од општината. Врз основа на направените анализи и проценки на локално ниво, во текот на наредниот период ќе биде одлучено дали со овие одобрени средства, покрај реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“ ќе бидат реализирани и дополнителни инфраструктурни проекти. На повикот за доставување на апликации за финансирање на проекти од страна на Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид аплицираше и со проектот за реконструкција на улицата „7 Ноември“ од пресекот со улица „Егејска“ до пресекот со улица „Железничка“; проектот за изградба на локален пат од село Свиништа до црквата „Св. Богородица“; проектот за Реконструкција на локален пат за село Куратица; проектот за реконструкција на локалниот пат од село Вапила до село Расино и проектот за реконструкција на локалниот пат што води од регионалниот пат Охрид ‒ Св Наум до автокампот Љубаништа. [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
ВАШ РЕОНСКИ ОПШТИНАР
Општина Охрид започнува реализација на проектот“ Ваш реонски општинар“. Со проектот Локалната власт се доближува до граѓаните со цел да се овозможи на лице место да се примаат забелешки за комуналните проблеми со кои тие се соочуваат , да се увиди состојбата на самото место односно самата улица и да се постапи по сите забелешки кои се во надлежност на Општина Охрид. Со овој Проект градот Охрид е поделен на 5 реони при што точно се дефинирани границите на секој реон. За секој реон ќе бидат одговорни по двајца вработени во локалната самоуправа кои преку теренски активности и средби со граѓаните ќе прибираат информации за сите нивни проблеми и потреби. Преку web страната на Општина Охрид и на телефонски број 072 800 705 охриѓани ќе можат да воспостават непосреден контакт со реонскиот општинар и ќе можат да договараат средби на местото каде е посочен комуналниот проблем . По секоја забелешка или предлог од страна на граѓаните ќе се отвара посебен предмет и истите ќе бидат информирани за начинот на решавање на проблемот и за временската рамка кога ќе се реши истиот. Со ваквиот начин на работа, преку овој Проект побрзо ќе започнат да се решаваат проблемите на граѓаните и истиот ќе биде основа за изработка на програмските активности од комуналната сфера на Општина Охрид.
ИЗРАБОТЕНА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРИ ОХРИДСКИ УЛИЦИ
Во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, Општина Охрид доби изработена комплетна техничка документација за реконструкција на улиците „Гоце Делчев“, „Ѓорче Петров“ и „Кленоец“. Официјалните записници за примопредавање на техничката документација беа потпишани денеска на пригодна свеченост која се одржа во Министерството за финансии, во присуство на Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Марко Мантованели. На настанот присуствуваа Секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски и Раководителот на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Томе Нанески. Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) што се имплементира преку посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбедени се грант средства од 1,1 милион евра како техничка помош за општините во Република Северна Македонија.
ОПШТИНА ОХРИД ИЗРАБОТИ ИНТЕГРИРАН КАТАСТАР НА ЗАГАДУВАЧИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Согласно Законот за животна средина, Општина Охрид изработи „Интегриран Катастар на загадувачи на животната средина“ со кој ce опфатени: воздух, вода, почва и отпад. Информацијата за изработката на овој стратешки документ, беше усвоена од страна на Советот на Oпштина Охрид на 37-та седница. Изработката на Интерираниот Катастар на загадувачи е со цел да се добие основна квалитативна и квантитативна база на податоци за состојбата со емиторите и емисијата на загадувачките супстанции во воздухот, водата, почвата, генерираниот отпад и постапувањето со него, заради следење на трендовите на основните индикатори за квалитетот на животната средина во Општина Охрид, како и заради контрола на успешноста на преземените мерки врз основа на соодветни одлуки и решенија на локално ниво. Базата на податоци и нивото на нивната обработка дава можност овој Катастар да биде динамичен стратешки документ и како таков, заедно со законската регулатива во оваа област да биде инструмент на државната и локалната власт за одржливо управување со квалитетот на животната средина. За изработката на Интерираниот Катастар на загадувачи беше задолжена фирмата „Технолаб“ од Скопје. [vc_row][vc_column][vc_message]ИНТЕГРИРАН КАТАСТАР НА ЗАГАДУВАЧИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ОПШТИНА ОХРИД – ФИНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ [/vc_message][/vc_column][/vc_row]
ЈАВНА РАСПРАВА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
Денеска во Охрид се одржа Јавна расправа за Нацрт- Планот за управување со природното и културно наследство и Нацрт- Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019- 2028. На почетокот на настанот во полната сала во ЦК „Григор Прличев“ свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески -Дозволете да ја изразам мојата благодарност за организација на оваа Јавна расправа токму тука во Охрид затоа што Нацрт – Планот за управување со природното и културно наследство и Нацрт – Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културно наследство за кои денес ќе дебатираме се однесуваат токму на Охридскиот регион за период од 2019 до 2028 година. Ние луѓето сме креатори на идеи нив ги преточуваме во проекти и секогаш настојуваме доследно да се грижиме за своето минато, сегашност но и иднина. Древниот Охрид кој е бедем на македонскиот национален идентитет, научен и културен центар многу одамна е впишан на листата на УНЕСКО како Светско природно и културно наследство. Тоа значи дека многу одамна сме се обврзале да постигнеме највисок стандард на заштита на природното и културно наследство. Денешнава средба е во насока на согледување на состојбите, ресурсите и проблемите во Охридскиот регион во целина со што битно ќе допринесеме во дефинирање на целите, мерките и режимите за заштита. Охридскиот регион поседува исклучителна универзална вредност како комбинација од природни феномени со квалитетот и разновидноста на културното наследство – материјално и нематеријално. Двата документи кои денес се тема на јавна расправа ќе обезбедат висок степен на заштита на исклучителната универзална вредност на регионот. Тие се основа за донесување на развојни одлуки од сите засегнати страни со што се обезбедува рамнотежа меѓу заштитата на доброто и неговото искористување. Градот Охрид е еднa од најстарите човекови населби во Европа, со исклучително природно наследство и со ретко архитектонско и уметничко достигнување. Тој е ризница на нематеријални и материјални, вредности инспирација на многу уметници и оддишка за многу гости и туристи. Сите ние во рамки на своите надлежности, да останеме доследни на постојаните заложби и понатака безрезервно да се вложуваме со цел максимално да го заштитиме непроценливото природно и културно наследство на Охрид и неговиот регион – рече градоначалникот Георгиески. Пригодно обраќање имаше и градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески по што Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска одржа презентација на Нацрт – Планот за управување со природното и културното наследство. Зоран Павлов од Комисијата за управување со културното и природното наследство говореше за важноста на Планот за заштита на културното наследство и мерките и активностите кои овој план ги предвидува за остварување на заштитата на културното наследство. Мартина Блинков од Градежниот институт на Македонија одржа презентација на Нацрт – Извештајот за стратегиска оцена н животната средина за планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019 – 2028г. Организатор на настанот е Министерството за животна средина и просторно планирање при Владата на РСМ.
