Ohrid.gov.mk

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ-ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН 2019-2028

Министерството за животна средина и просторно организира Јавна расправа за Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. Ќе биде разгледан  и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. Јавни расправи ќе се одржат во Клубот на пратеници во Скопје на 11 ноември, со почеток во 12 часот. Во Охрид и Струга настанот ќе се одржи на 12 ноември во НУЦК “Григор Прличев“ со почеток во 12 часот и во салата на Советот на Општина Струга во 15 часот и 30 минути.   ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ-ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН 2019-2028     ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ 2019-2028г. НАЦРТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ 2019-2028г.    

НОВ ИДЕЕН ПРОЕКТ ЗА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО

Со цел повторно оживување на Студенчишко блато, компанијата Тетрактис изработи Aрхитектонско-урбанистичка анализа во функција на ревитализација на Студенчишко блато, преку восооставување на одржлив економски модел. Предмет и цел на oвoј прoект претставува ревитализацијата на Студенчишкo блатo, овозможување на негово природно функционирање заедно со воспоставување на одржлив економски модел на содржини кои се насочени кон развој на локалитетот. Студенчишко Блато е едно од ретките природни блата на територијата на Р.Македонија кое е валоризирано како “споменик на природата”, но моментално е во незавидна состојба заради несоодветниот третман кое го трпи, поради лошата и несоодветна експлоатација која го попречува неговото природно функционирање. Во насока на остварување на идејата, ќе се одржи презентација на проектот за анимирање на културната и експертската  јавност на конструктивен дијалог. Презентацијата ќе се одржи на  7 ноември 2019 година, со почеток во 20 часот, во објектот  “Јавна соба”во Скопје.

ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ЗА ПОДОБРИ ОПШТИНСКИ УСЛУГИ И ГРАЃАНСКА ВКЛУЧЕНОСТ

Општина Охрид започна со имплементација на проектот „Полесен пристап за подобри општински услуги  и граѓанска вклученост“ како дел од активностите во рамки на втората компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети” кој е финансиран од УНДП и Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија, во износ од 50.000 швајцарски франци. Проектот предвидува реконструкција на влезните скали кои водат до големата општинска сала, поставување на хидраулична лифт платформа за лица со телесен инвалидитет, опремување на салата со посебни пултови за лица од ранливите категории и простор за инвалидски колички, со цел да се овозможи полесен пристап за подобри општински услуги. Салата исто така внатрешно ќе се уреди со ново осветлување, озвучување со цел да се овозможат соодветни услови за работа. Проектот „Полесен пристап за подобри општински услуги  и граѓанска вклученост“ беше избран за имплементација од страна на граѓаните на општина Охрид во рамки на четирите сесии на Форумот на заедници, кои беа организирани во декември минатата година. Форумот на заедници го сочинуваа седум работни групи, во кои имаше претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор, а главната тема на Форумот беше социјалната инклузија.

ЕВРОПСКИ ДЕН ЗА СОРАБОТКА

Во организација на општина Охрид. Делегацијата на Европската унија, Министерството за локална самоупрва и Државниот инспекторат за животна средина, денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа манифестацијата „ Европски ден за соработка“. Централниот дел на манифестацијата беше посветен на  Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ . -Општина Охрид контрибуира со своите ресурси во неколку европски проекти, посебно во рамките на оваа програма, а се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме со нашите активности да дадеме силен придонес на промовирање на европските вредности, пред се во областите едукација на младата популација, културното и природното наследство и животната средина. Европскиот ден на соработката ги посочува достигнувањата постигнати преку територијалната соработка на илјадници луѓе секоја година. На овој начин се зголемува видливоста и се подигнува јавната свест за Интерег Ипа прекуграничната соработка, транснационалните и интернационалната соработка и нивните проекти. Иднината е кај најмладите и на сегашните и идните генерации треба да им обезбедиме здрава животна средина, а овој проект токму е фокусиран на следењето на квалитетот на воздухот во Охрид преку нови иновативни методи, а ќе биде и од особено значење за планирањето на идните активности и мерки во оваа област- рече заменик градоначалникот Ристо Николески. Пред зградата на општина Охрид е поставен првиот сензор за следење на еколошките параметри на воздухот, како дел од активностите на пилот проектот „ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух–„AIRTHINGS“, кој е дел од програмата „ Интерег Балкан Медитеран“ на Европската унија. Проектот „„AIRTHINGS“ предвидува поставувањето на 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри на подречјето на општина Охрид, како и поставување/инсталирање на 15 филтри за домаќинства кои користат цврст енергенс за затоплување на своите домови. -„ Интерег Балкан- Медитеран“ програмата е само дел од бројните фондови кои се поддржани од Европската унија, кои треба да се реализираат, бидејќи тие се знак за нивната поддршка на нашиот пат кон евроатланските интеграции- рече заменик- министерот за локална самоуправа Дејан Павлески. Претставникот на Државниот инспекторат Дарко Блинков, додаде дека постојано се зголемува бројот на трансграничните проекти и дека радува фактот што има многу проекти што се поврзани со заштитата на животната средина. На манифестацијата „ Европски ден за соработка“ учениците од училиштето „ Братство- Единство“ од различните етникуми кои беа дел од овој настан преку интерактивна игра сплотени испратија пораки на обединување на различните религии, народи и држави, промовирајќи ги европските вредности на соживот, почитување на културата и заштита на животната средина. Денот на европска соработка се одбележува секоја година во земјите што имплементираат програми за територијална соработка, финансирани од Европската унија, со цел да се афирмираат придобивките од соработката меѓу земјите и регионите и од реализацијата на голем број заеднички проекти.  

ИЗГОТВЕНА НАЦРТ СТРАТЕГИЈАТА ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Интерсекторската група за родово одговорно буџетирање, деновиве ја изготви нацрт верзијата на Стратегијата за родова рамноправност на Општина Охрид. Оваа група е формирана врз основа на Меморандумот за соработка помеѓу општината и UN Women од 2018 година. Стратегијата е изработена со поддршка на менторката за родова еднаквост на општината Марија Ристеска, а почива на 2 клучни документа за родова еднаквост: Светската Декларација за жени во локалната власт (Worldwide Declarationon Women in Local Government) 2 , и Европската повелба за еднаквост на мажите и жените во локалниот живот (European Charter for Equality of Women and Men in Local Life). Нацрт стратегијата е достапна на официјаланта веб страница на Општина Охрид. Сите заинтересирани граѓани, организации и здруженија своите забелешки и сугестии може да ги испратат на електронсктата адреса:  risteska@crpm.org.mk (користејќи ја алатката track changes), најдоцна до 27 септември.[vc_row][vc_column][vc_message]СТРАТЕГИЈА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ НА ОПШТИНА ОХРИД[/vc_message][/vc_column][/vc_row]

СО ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ БЕЗ АВТОМОБИЛИ

„Исклучи го моторот- вози велосипед“ е мотото под кое денес се одржа велосипедско дефиле во Охрид со што се одбележа Денот без автомобили, а во рамки на одбележување на Европската недела на мобилност. Велосипедистите возеа низ централните градски улици, кејот па се до плажа „Амброзија“ и назд до зградата на општина Охрид. Дефилето беше заокружено со награди за учесниците во настанот. Првата награда,  велосипед ја освои Јован Петроски. Тротинети добија Ахмет Пеџак, Филип Рајчевски и Филип Нешкоски. Ролерите  припаднаа на Марија Трпеска и Стефан Алексоски. Кациги за велосипед добија Петар Стојаноски и Бојан Стојаноски. Предно светло, Нина Ангеловска, Теодора Љатковска и Петар Симоноски, а задно светло Елена Аврамоска, Христијан Стефаноски и Христијан Груески.   Кај нас, а и во Светот, се резервираат една или повеќе фреквентни сообраќајници за велосипедисти и пешаци. На тој начин се упатува силна порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет , го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето од транспортот, а се што ни треба е подготвеност и волја одговорно да се однесуваме кон животната средина. Во Европската недела на мобилност се организираат настани посветени на одржлива мобилност во урбаните средини, кои годинава се на тема „Пешачи со нас – сигурно пешачење и возење велосипед „Европската недела на мобилност“ Општина Охрид ја одбележува во соработка со МЖСПП, Европската Делегација во РСМ и ЕУ-  Инфо центарот во Скопје.[vc_row][vc_column][vc_gallery interval=”3″ images=”8735,8731,8738,8733,8737,8732,8736,8739″ img_size=”large”][/vc_column][/vc_row]

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА УРБАНА МОБИЛНОСТ

Претставници од општина Охрид и од општините Велес, Битола, Куманово,  Кавадарци и Карпош денеска во просториите на ЗЕЛС потпишаа меморандум за посветеност кон имплементација на мерките за одржлива урбана мобилност со што заврши конференцијата „Поддршка на локалните самоуправи на РСМ во промоција на одржлива урбана мобилност“. Настанот  е посветен на Европската недела на урбана мобилност  и е резиме на активностите реализирани преку проектот финансиран од ГИЗ, а претставен како иницијатива за промоција, планирање и градење на капацитети во спроведување  на активности за урбана мобилност . Тие се  темелени на модел на оптимални трошоци и иновација, зголемување на удобноста на живеење на граѓаните, зголемена мобилност и достапност, заштита  на животната средина и здравјето на луѓето. Овој пристап овозможува поголем простор за граѓаните, зеленило, подобрување на јавниот превоз и дава предност на искористување услови за користење велосипеди, воспоставување забранети зони за сообраќај, користење катни паркиралишта и друго. Шесте општини вклучени во пилот фазата на проектот наредниов период ќе работат на градење локални политики за одржлива урбана мобилност и создавање услови за нивно натамошно преточување  во одредени стратешки  документи или урбанистички планови кои во себе ќе ги содржат мерките за планирање на одржлива урбана мобилност.

ПОТПИШАН ПРОТОКОЛ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОЕКТОТ „МОЈОТ ПРАВЕН СОВЕТНИК“

Градоначалникот Константин Георгиески и претставникот на Здружението за правно образование и унапредување на правната наука и практика „ЈУС ЕТ ЈУВЕНТУС“ Константин Битраков, потпишаа протокол за вклучување на општина Охрид во проектот ,,Мојот правен советник”, финансиран од European Endowment for Democracy  од Белгија. Општината и Здружението ќе соработуваат во областите и сферите на нивното делување, како ширење на знаењето, разбирањето и свеста на граѓаните за актуелните правни реформи и правната пракса на локалната самоуправа. Понатаму, промовирање на принципот за пристап до локалната самоуправа за сите, независно од социјалните, етничките, религиозните, родовите и политичките разлики. Исто така и во насока на градење на капацитети на професионалност на вработените во локалната самоуправа со цел во својата работа да се насочат кон задоволувањето на потребите на граѓаните на начин кој ќе биде транспарентен и одговорен. Проектот е во времетраење од 18 месеци, за кој период ќе се работи на  подобрување и олеснување на работата на општините, како би придонеле за поефикасно и функционално работење на истите и запознавање на  граѓаните со нивните законски загарантирани права и  нивна заштита. Главната цел на овој проект е да се олесни комуникацијата меѓу општините и граѓаните. Друга цел е граѓаните соодветно да се едуцираат за своите права и одговорности во поглед на локалната самоуправа и процесот на одлучување.

ДЕВЕТ НОВИ ЛОКАЦИИ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ ВО ОХРИД

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески присуствуваше на промоција на проектот „Паркинзи за велосипеди“ што денес се одржа во непосредна близина на Поштата во центарот на Охрид. Проектот е дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност во Охрид. Во изјава за медиумите градоначалникот Георгиески истакна дека општината застанува зад сите активности кои значат поредуцирано користење автомобили, кои можат да се заменат со велосипеди или одење пеш до предвидената локација. – Во насока на градење здрави животни навики и во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај пред се во централното градско подрачје ние како локална самоуправа поддржани од ГИЗ и ЗЕЛС реализиравме проект вреден околу 600 000 денари за поставување на девет велосипедски постојки на повеќе локации во градот. Имаше потреба од соодветни места за паркирање велосипеди . Станува збор за  проект кој е корисен и практичен за охриѓани. Всушност малите нешта го поедноставуваат животот на луѓето и го прават поефикасно нивното секојдневно движење низ градот –рече градоначалникот Георгиески. Градоначалникот најави и нов проект на задоволство на сите оние кои сакаат да возат велосипеди. – Ние сме во фаза на изработка  на еден проект за формирање  систем на градски велосипеди којшто ќе биде електронски како во сите модерни градови. Сите нови улици кои се проектирани или се во фаза на градење ќе добијат велосипедски патеки како што е случајот со улица „АСНОМ“ каде се градат две –додаде Георгиески. Постојки за велосипеди се поставени на девет локации во Охрид. Две паркиралишта има во непосредна близина на поштата, по едно на улица „Македонски Просветители“ кај скаличките во близина на  трговски центар „Амам“, на улица „Туристичка“ кај охридскиот зелен пазар, кај меѓуградската автобуска станица во Охрид , пред „Маларична“, кај Факултетот за туризам и угостителство  и пред општинската зграда. Во рамки на одбележување на Европската недела на мобилност утре напладне во просториите на Општина Охрид ќе се одржи промоција на Планот за одржлива урбана мобилност( ПОУМ на град Охрид ).

НАЈМЛАДИТЕ ЈА ПРЕНЕСОА ПОРАКАТА ЗА БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

Со  соодветни транспаренти во рака дечињата згрижени во   ЈОУДГ  „Јасна Ристеска“, денеска  продефилираа низ централните градски  улици и кејот и се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност. Настојувајќи да покажат дека и тие се   учесници во сообраќајот  кои сакаат да биде многу побезбеден без возила тие ја пренесоа пораката „Рака за рака “. Во рамки на Европската недела на мобилност што се  одбележува од 16 до 22 септември, утре во период од 10:30 до 12 часот ќе биде промовиран проектот  „ Паркинзи за велосипеди“. Според предвиденото на девет локации во Охрид ќе бидат поставени паркинзи за велосипеди. Проектот се реализира во соработка со ЗЕЛС и ГИЗ.[vc_row][vc_column][vc_gallery interval=”3″ images=”8638,8637,8636,8635,8634,8633,8632,8631,8630,8629,8627,8626″ img_size=”full”][/vc_column][/vc_row]