Ohrid.gov.mk

Category: Градоначалник

  • ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МЛАДИОТ МАРКО ПЕЈЧИНОВСКИ ЗА ГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ ПОДВИГ

    Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот спортски херој Марко Пејчиновски, кој минатата недела успешно го совлада „Ironman“ предизвикот долг 107 километри.  Градоначалникот Пецаков упати искрени честитки за неговиот подвиг, кој претставува голем спортски успех во историјата на Охрид, имајќи во предвид дека истиот е постигнат од толку млад човек. Со цел…

  • АМБАСАДОРОТ НА ШПАНИЈА СОРИАНО ОРТИЗ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

    Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска  во својот кабинет го прими  амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба двете страни  разменија мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија при што се разгледуваа можностите за воведување на авио линија Скопје –Мадрит  со три летови неделно, по веќе воспоставената Скопје…

  • ОХРИД ГО ПРАЗНУВА ИЛИНДЕН

    Во атарот на охридското село Велгошти синоќа со богата културно уметничка програма по традиција беше одбележан големиот национален празник Илинден.  Пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. – Вечерва кога сме „најблиску до Бога“ во очи големиот празник  Илинден  со чиста љубов и мисла се поклонуваме пред делото на  Илинденците и асномците кои…

  • ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР Н.Е. ПАОЛО ПАЛМИНТЕРИ

    Протоколарна средба остварија, денес, градоначалникот Кирил Пецаков и Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери. Соговорниците на средбата разговараа за унапредување на меѓусебната соработка со можност за остварување директна соработка помеѓу општина Охрид и градови од Италија со кои Охрид има слични карактеристики. Исто така се разговараше и за соработки во други области како образование, туризам…

  • ВРЕДНА ШВАЈЦАРСКА ДОНАЦИЈА ЗА СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ЗА ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА „СВЕТИ ЕРАЗМО“

    Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ доби вредна донација во медицинска опрема и апарати која е обезбедена од Швајцарија, со посредство на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и неговите лични контакти со македонски иселеници. Градоначаникот Пецаков, директорот на специјалната болница д-р Харалампие Шокаровски и дел од медицинскиот персонал денеска направија увид на…

  • АМБАСАДОРОТ НА ЧЕШКА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

    Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков  денеска оствари протоколарна срдба со амбасадорот на  Чешката Република во земјава,  Н. Е. Јарослав Лудва. Високиот гостин, го изрази своето воодушевување од убавините на Охрид кој плени со своите културно историски знаменитости и е привлечна туристичка дестинација во регионов. Двете страни разменија мислења околу идните чествувања посветени на Светите браќа…

  • АМБАСАДОРОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, МИХАЛИС РОКАС ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

    Градоначалникот Кирил Пецаков, денес оствари средбра со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија, кој за првпат од неговото именување е во посета на Општина Охрид. На средбата се разговараше за повејќе значајни теми и области за Охрид. Фокус на разговорот беше реализацијата на проектот „Ohrid Go“ кој е финансиран од Европската Унија, а се…

  • ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ИРСКА БРЕНДАН ВАРД

    Протоколарна средба денес градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков оствари со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард. На средбата се разговараше за актуелни политички теми и претстојните локални избори. Исто така се разговараше и за активностите кои Општина Охрид ги презема согласно препораките од УНЕСКО. Стана збор и…

  • АМБАСАДОРКАТА НА ЛИТВАНИЈА, ДАМБРАУСКИЕНЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОХРИД

    Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со  Амбасадорорката на   Литванија во државава, Н. Е.  Вилма Дамбраускиене. Високата гостинка од Литванија беше информирана за начинот на функционирање на локалната власт, капиталните проекти, а акцент се стави на туризмот како главна економска дејност во Охрид. Беше истакнато дека   на  охридскиот аеродром  „Св. Апостол Павле“…

  • ВИСОКА ТУРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

    Висока турска делегација предводена од Амбасадорот на  Р. Турција во земјава  Н. Е. Фатих Улусој   и Почесниот конзул во Охрид Абдурахим Бајрактар беа во работна посета на Општина Охрид. На средбата со градоначалникот Кирил Пацеков се разговараше за скапоцените Ракописи, Укази и останати пишувани документи и материјални блага  од времето на турската империја кои се…