Ohrid.gov.mk

ТУРИСТИЧКАТА ИНСПЕКЦИЈА УПАТУВА АПЕЛ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕНЦИРАНИ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ ВО ОХРИД

Во екот на главната туристичка сезона, Туристичката инспекција во рамки на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид има зголемен обем на работа и покрај редовната контрола на туристичките објекти, редовно се контролираат и туристичките водичи, кои водат организирани групи гости.   Во последниот период, како дел од теренските активности, во повеќе наврати туристичките инспектори констатирале непочитување на Законот за туристичка дејност и нелиценцирани туристички водичи, кои водат групи на разглед во Охрид.   Со цел да се спречи ваквата појава и да се избегне изрекување на казни, се упатува апел до сите странски туроператори, домашни туристички агенции, сместувачки капацитети и други туристички чинители, кои носат туристички групи на разглед на археолошките локалитети и другите знаменитости во Охрид, задолжително да користат услуга од лиценциран туристички водич.   Се очекува од сите вклучени во туристичките дејности да работат согласно законските прописи со цел да се зачува имиџот на Охрид како атрактивна туристичка дестинација.            

ЗАПОЧНУВА ОХРИДСКИОТ ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ – OHRID WINE FESTIVAL 2024

Охрид е подготвен за  третото  издание на   Ohrid wine festival   што од 27-ми до 29-ти јуни ќе се одржува на кеј „Македонија“  пред хотел „Палас“. Градоначалникот Кирил Пецаков на денешната средба со новинарите истакна дека фестивалот  полека но сигурно зазема место  и ја разубавува  туристичката разгледница  на Охрид. – Овој фестивал како и Оhrid water festival, се одраз на нашите големи желби за поголема туристичка промоција на Охрид и  Охридското Езеро. Очекувам трите фестивалски ноќи да донесат гости и туристи од земјава и странство, а годинешното издание да биде успешно бидејќи музичките ѕвезеди  кои ќе настапат, тоа и го ветуваат. Во трите фестивалски ноќи ќе настапуваат  и стенд ап комичарите Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски- подвлече градоначалникот Пецаков.   Пане Темов од организацискиот одбор на фестивалот се осврна на програмскиот дел.   – Во четврток ќе настапат „Backdoor band“, Миле Кузманоски и групата „Куку леле“. Во петок „Urban Planet“, „NEXT TIME“, „BRASS BROTHERS“  . Саботната вечер е резервирана за „Балканико“,  групата „АРЕА“ и Влатко Лозановски – рече Темов. Фестивалот се одржува со поддршка на Општина Охрид, а во организација  на  CRAFT продукција.         БОГАТА ПРОГРАМА НА ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ НА OHRID WINE FESTIVAL      

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2024 ГОДИНА

Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2024 година, Општина Охрид објавува: [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2024 ГОДИНА[/vc_message][vc_message message_box_color=”sandy_brown”]УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ[/vc_message][vc_message message_box_color=”sky”]АПЛИКАЦИОНЕН ФОРМУЛАР[/vc_message][/vc_column][/vc_row]            

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА НОВОРЕГИСТРИРАНИ И ВЕЌЕ РЕГИСТРИРАНИ ЗАНАЕТЧИИ ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2024 ГОДИНА

Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2024 година, Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на новорегистрирани и веќе регистрирани занаетчии на подрачјето на општина Охрид, со бр.09-1728/1 од 12.02.2024 година објавува:   [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА НОВОРЕГИСТРИРАНИ И ВЕЌЕ РЕГИСТРИРАНИ ЗАНАЕТЧИИ ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2024 ГОДИНА[/vc_message][/vc_column][/vc_row]              

КОНКУРС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08),  Градоначалникот на Општина Охрид објавува КОНКУРС за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување како и на вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2024 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за: Монтер на опрема за греење и ладење; Ракувачи на парни котли; Фризери; Маникир; Дактилографија на компјутер; Цвеќарство и градинарство; Автомеханичари;   Услови за доделување бесплатен курс Предност за пријавување за овие курсеви имаат невработените лица, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат. За да се реализира одреден курс треба да се пријават најмалку 15 учесници. Општина Охрид го задржува правото некој од курсевите да не се реализира доколку нема заинтересираност. Изборот на учесниците ќе биде по принципот “Прв дојден, прв услужен”.   Начин на пријавување Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk. Со Пријавата потребно е да достават и : Изјава за лични податоци; Изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не посетува таков курс од друга институција или фирма. Пријавените учесници треба да имаат завршено средно образование.   Рок на пријавување Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 10 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев” Oхрид, ул.Туристичка бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви”  или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев”секој работен ден од 08 до 14 часот, тел. за контакт 078/619-742. Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.    [vc_row][vc_column][vc_message]ПРИЈАВА[/vc_message][vc_message]ИЗЈАВА[/vc_message][vc_message]ИЗЈАВА ЗА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ[/vc_message][/vc_column][/vc_row]              

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА ЗА РАЗВОЈ НА КАСАРНА ОХРИД ВО ТЕХНОЛОШКО – РЕКРЕАТИВНА ЗОНА

Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР, во рамки на Проектот OHRID GO, организира Јавна Расправа за „Физибилити Студија за развој на Касарна Охрид во Технолошко – Рекреативна Зона“. Расправата ќе се одржи на ден 15.12.2023 година во 12:00ч, во Големата Сала на општина Охрид. Се покануваат сите заинтересирани страни да земат учество на презентацијата на Драфт Верзијата на Студијата и активно да учествуваат во нејзиното финализирање со свои предлози, сугестии и сл. Драфт Финалната верзија на Физибилити Студијата може да ја преземете во електронска верзија на следниот линк.    [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА ЗА РАЗВОЈ НА КАСАРНА ОХРИД ВО ТЕХНОЛОШКО – РЕКРЕАТИВНА ЗОНА[/vc_message][/vc_column][/vc_row]          

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА ТУРСКИОТ ГРАД БОЛУ

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со делегација на Стопанската и индустриската комора на градот Болу од Република Турција. Делегацијата беше предводена од претседателот на Управниот одбор на комората, Абдула Алемдар и претседателот на собранието на Болу, Ајдоган Текин. На средбата присуствуваа и претставници на стопанскиот сектор, претставници на различни индустриски капацитети и туристички организации од Болу. Градоначалникот Пецаков и гостите разговараа за можностите за зајакнување на соработката меѓу Охрид и Болу во повеќе општествени сфери, пред се во делот на економијата, туризмот и културата. Во фокус на средбата беше и можноста за инвестирање во туристичкиот сектор на Охридското крајбрежје, како и за условите и прописите за странските инвеститори во делот на индустриската зона. Градоначалникот посочи дека од година во година се зголемува бројот на турски туристи кои го посетуваат Охрид и изрази надеж дека ваквата тенденција ќе продолжи и во иднина. Тој истакна дека заедно со Агенцијата за промоција на туризмот ќе работат на отворање нови туристички пазари во Болу и останатите турски региони. Болу е град во северна Турција и административен центар на провинцијата Болу и на округот Болу. Градот е лоциран на потегот помеѓу Истанбул и Анкара и има богата културна историја, знаменитости и карактеристични природни убавини.          

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ МОЖНОСТИ НА ОХРИД ДЕЛ ОД “РЕАЛ ЕКСПО 2023“ ВО САРАЕВО

Инвестициските можности и бизнис потенцијали на Охрид ќе бидат претставени на Саемот за бизнис инвестиции „Реал Експо 2023“  кој од денеска до 20-ти јули се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.  Во текот на првиот ден од саемското претставување, штандот на Општина Охрид беше посетен од неколку потенцијални инвеститори помеѓу кои беше и Шеикот Мохамед бин Сакр Ал Касими од Обединетите Арапски Емирати. Со бизнис можностите на Охрид се запозна и премиерот на Кантонот Сараево, Нихад Ук. Градоначалникот Кирил Пецаков пред заинтересираните посетители изврши презентација на можностите за инвестирање во Охрид и оствари продуктивни бизнис средби, од кои во иднина постои можност да се вродат конкретни инвестиции во Охрид На Саемот за бизнис инвестиции „Реал Експо 2023“ кој се одржува во изложбениот простор од 3.000 метри квадратни, во хотелот „Хилс“ учествуваат инвеститори, изведувачи, технолошки компании и бизнис експерти од 12 држави.  [vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”27954,27959,27958,27956,27957,27955,27960,27961″ img_size=”300×300″ onclick=”img_link_large”][/vc_column][/vc_row]              

ИЗЛОЖБА ЗА ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНО БОГАТСТВО НА ОХРИД

Денеска во ООУ „Григор Прличев“ беше отворена изложбата на изработки „Гледај учи и пренеси…ТИ- чувару на културното и природно богатство на Охрид“. Изложбата беше завршен настан на проектот „Watch and Learn“ што е дел од CIPSS програмата 2022-2023, а го реализира и имплементира тим од Секторот за ТЛЕР заедно со претставници од ООУ “Григор Прличев“. За значењето на изложбата пред присутните зборуваше советничката во Советот на Општина Охрид, Ана Крстеска. -Во денес изложените изработки е сконцентрирана суштината на проектот на кој сите вие вредно работевте повеќе месеци, а тоа е подигнување на свеста и значењето за приридното и културно наследство на регионот Охрид. Знаејќи дека наследството на еден народ е преточено во неговата култура сосема е логично да кажеме дека културата е извор на неизмерна сила која на народите им помага да ги надминат препреките но и им дава волја да се соочат со новите предизвици. Древниот Охрид е бедем на македонскиот национален идентитет, научен и културен центар кој ја промовира Република Македонија како земја која се грижи за своето минато, сегашност и иднина. Тука во Охрид е Музејот на Вода, куќата на Уранија стана научен центар на МАНУ во кој редовно се организираат научни симпозиуми и промоции. Во Охрид се наоѓа локалитетот на Манчевци , Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник, Златната Одаја во куќата на Робевци и многу други места сведочат за нашето огромно природно и културно наследство. Токму затоа сметам дека е прекрасно што Општина Охрид заедно со познати научно образовни институции од Шведска стана дел од проектот Watch and learn. Во име на градоначалникот Кирил Пецаков ви се заблагодарувам за овој значаен проект со кој се обезбедува стабилен и одржлив континуитет во зачувување, проучување и ревитализација на македонското природно и културно наследство- истакна Крстеска. Претходно во рамки на проектот „Watch and learn“ беа одржани едукативни, тематски, интерактивни настани и работилници . Проектот се имплементираше и реализираше во соработка со генерација 2012-2013 година,  заедно со Универзитетот Лунд ( LUCE) и „Валенберг“ Институтот од Шведска.          

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИ ПОВОЛНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

Општина Охрид во својот делокруг на работа а во врска со спроведување на  Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година под точка 1.3. Промоција на можностите за инвестирање во општина Охрид има за цел подготовка и промоција на брошура „Инвестирајте во Охрид“ . Оваа активност предвидува изработка на брошура за промоција на мерките кои се насочени кон поддршка на економијата, чија основна цел е стимулирање на инвестиции, технолошки развој и зголемување на конкурентноста на македонските компании, но и промоција на поволностите кои се на располагање привлекување странски инвестиции и поддршка на извозот. Локациите кои се пријавуваат можат да бидат “Greenfield” и “Brownfield” што значи дека локациите може да бидат веќе постоечки капациети и градби или можат да бидат неизградена површина поволнна за отпочнување на градба или развивање на бизнис. Целта на пријавувањето може да биде продажба или изнајмување на локацијата на одредено време. Можат да се пријавуваат лица и компании кои имаат сопственост на истата и може да бидат во градска или рурална област За да може да се изврши пријавување на локација сопственикот треба да ги исполнува следните услови: Да има целосна сопственост на парцелата која се пријавува или договор за закуп на истата Да поседува имотен лист Горенаведените документи да ги приложи во копија и фотокопија од лична карта. Доколку се работи за парцела на која нема изградено објект, истата не смее да биде помала од 1000 m2  За изградени објекти со економска намена објектот треба да има подлога од минимум 500 m2 За локации со намена туризам може да се пријават и градби со минимум подлога од 200 m2 доколку има површина за дополнителна изградба и дворно место. Горенаведените услови се обврзителни за успешно пријавување на локација Пријавувањето на локација треба да се изврши преку образец за пријавување кој може да се спушти од веб страницата на општина Охрид и истиот треба да се поднесе во плик преку општинската архива на адреса најдоцна до 30.06.2023 година. Ул. Димитар Влахов бр.57, 6000 Охрид Со назнака Апликација за „Инвестирајте во Охрид“.     [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИ ПОВОЛНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ [/vc_message][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_message]ОБРАЗЕЦ[/vc_message][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]           ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИ ПОВОЛНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ      [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]