Mindblown: a blog about philosophy.
-
ПОТПИШАНО ПИСМО СО НАМЕРИ ЗА ПРИЈАТЕЛСКА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОХРИД И ВЕСПРЕМ
На пригоден настан, денеска во Охрид беше потпишано Писмо на намери за пријателска соработка помеѓу Охрид и градот Веспрем, Република Унгарија. Документот го потпишаа градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Веспрем, Ѓула Порга, со што беше официјализирана заедничката заложба за јакнење на пријателските односи и унапредување на соработката меѓу двата града и двете…
-
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС ПОСВЕТЕН НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Градоначалникот Кирил Пецаков на пригодна свеченост која се одржа денеска пред споменикот на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад ги врачи наградите на учениците кои се автори на најдобрите литературни творби на литературниот конкурс посветен на патронот. Награди им беа доделени на : - Софија Стојаноска, ученик во четврто одделение во ООУ „Христо Узунов“, добитник…
-
ОХРИД СЕ ПОКЛОНУВА ВО ЧЕСТ НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Со поклон пред моштите на Светителот и просветител во манастирот Свети Климент и Пантелејмон утрово продолжија чествувањата за Св. Климент – Охридски заштитник на градот Охрид. Свежо цвеќе пред споменикот на Великанот беше положено во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски“ Точно напладне градоначалникот Кирил Пецаков, претставници од дипломатскиот кор во државава, пратеници во Собранието…
-
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ПРСТЕНОТ-СИМБОЛ НА ЗАВЕТ, СТАТУС И МОЌ-ОД ЕТНОЛОШКАТА РИЗНИЦА НА ОХРИДСКИОТ МУЗЕЈ“
Вкупно 80 прстени кои датираат од различни периоди на минатото на Охридскиот регион се дел од поставката на изложбата „Прстенот – симбол на завет, статус, моќ – од етнолошката ризница на охридскиот музеј“ која беше отворена денес во Куќата на Робевци. Изложбата е дел од Свечената програма на Општина Охрид за одбележување на патронот на…
-
ПРОМОВИРАНО ПРОШИРЕНОТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИДСКИ ЛЕТОПИС“ ОД ПРОФ. Д-Р ПАВЛЕ МИТРЕСКИ И М-Р ДИМИТАР СМИЛЕСКИ
Во рамките на чествувањата на Св. Климент Охридски, денес во големата сала на Општина Охрид, беше промовирана заокружената целина на книгата „Охридски летопис“ од авторите проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески. Со издавањето на оваа книга, авторите истакнаа дек ја постигнеле нивната цел – да се создаде едно заедничко дело, со кое Охрид…
-
ООУ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОНАТ
Со богата и свечена приредба, вчеравечер учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ го одбележаа патронатот на своето училиште. Темата на овогодинешниот настан беше „Бајките и приказните – мудроста на моето детство“. На свеченоста која се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. Во рамки…
-
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНИ: РАБОТИЛНИЦА ЗА ЛОКАЛНА МОБИЛИЗАЦИЈА И ФОРУМ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „RECIRCLE MED“
Претставници од јавниот сектор, академски и истражувачки институции, претставници на бизниси, туристички организации и други релевантни чинители од целиот регион беа дел од Локалната мобилизациска работилница и Форумот за Западен Балкан, кои во текот на изминатите два дена се одржуваа во Охрид. Настаните ги организираше Општина Охрид како дел од проектот „RECIRCLE MED“, имплементиран преку…
-
ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА ПОВЕЛБАТА-ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
НУ „Завод и Музеј“ Охрид, Јорданка Матова, „Силви Бенд“, Даниел Јовески и The Backdoor Band се годинешни добитници на Повелбата-Патрон на градот „Свети Климент Охридски“. Оваа одлука ја донесе Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Општина Охрид врз основа на Конкурсот за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент…
-
ВЛАДИМИР АНГЕЛИЧИН – ЖУРА ПОСТХУМНО Е ДОБИТНИК НА НАЈВИСОКАТА ОПШТИНСКА НАГРАДА „ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ПАТРОН НА ГРАДОТ ОХРИД“
Познатиот охридски новинар, публицист и хроничар, Владимир Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“. Одлуката е донесена едногласно од страна на петчлената комисија во состав: Перчо Божиновски, претседател и членовите: Горан Стојаноски, проф. д-р Татјана Димоска, Славе Ѓорѓо – Димоски и Горан Патчев. Владимир…
-
ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „НУ БИБЛИОТЕКА ‘ГРИГОР ПРЛИЧЕВ’, ВЧЕРА, ДЕНЕС И УТРЕ“ ОД М-Р МИЛЧО ЈОВАНОСКИ
Во рамките на општинската програма „Деца сме на Климента“, денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа свечената промоција на книгата „НУ Библиотека ‘Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од м-р Милчо Јованоски, во издание на Библиотеката и со поддршка на Општина Охрид. Во името на Локалната самоуправа присутните ги поздрави советничката во Советот на Општина…
Got any book recommendations?